Обид за самоубиство: Милијардерот Епстин пронајден во полусвесна состојба во затворот

Њујорк, 25 јули 2019 (МИА) – Американскиот милијардер Џефри Епстин, кој во затвор на Мехнетн чека судење за обвиненија за злоставување малолетнички, пронајден е во неговата ќелија во полусвесна состојба со повреди на вратот.

Епстин (66), кој бил пронајден како лежи на подот на ќелијата, е префрлен во болница.

Не е јасно како Епстин ги добил повредите, а иследниците се обидуваат да утврдат што се случило. NBC цитира изјава на неименуван извор кој рекол дека не е исклучен обид за самоубиство.

Епстин беше уапсен на почетокот од месецов под обвиненија за организација на проституција кои датираат и 19 години наназад. Според весникот, од 2000 година милијардерот организирал сеанси со масажи во своите раскошни домови на Менхетн и во Палм Бич, Флорида и имал полови односи со девојчиња на возраст и до 13 години.

Според федералното обвинение Епстин „сексуално искористил и злоупотребил десетици малолетни девојчиња“ во неговите домови на Менхетн, Палм Бич и други локации. Тој наводно им плаќал на жртвите да регрутираат други малолетни лица.

Пред судот во Менхетн, Епстин се изјасни дека не е виновен.

Тој во некои периоди од првата деценија на векот бил близок со Клинтон и претседателот Трамп, чија резиденција Мар-а-лаго, се наоѓа во Палм Бич. Трамп на пример, во 2002 година изјавил дека е многу близок со њујоршкиот милијардер.

– Џефри го познавам петнаесет години. Одличен пријател, многу забавен. Некои тврдат дека му се допаѓале убави жени, колку што и мене ми се допаѓаат, и дека многу од нив биле помлади, изјавил Трамп во интервју за „Њујорк магазин“ во 2002 година.

Адвокат на компанијата „Организација Трамп“ изјави дека претседателот „немал врски“ со Епстин. „Вашингтон пост“ укажува дека наспроти тврдењето на Трамп, постојат јасни докази дека двајцата, како членови на елитните кругови на Менхетн и Палм Бич, биле блиски пријатели во минатото.

Портпарол на Клинтон изјави дека претседателот Бил Клинтон „не знаел“ за наводните криминални дела на Епстин. Во неколку наврати во 2002 и 2003 година Клинтон и обвинетиот патувале заедно во приватниот авион на милијардерот во Европа, Азија и Африка, „со планирани запирања поврзани со работата на Фондацијата Клинтон,“ изјави портпаролот на Ангел Урења.

Милијардерот во 2008 година се изјаснил за виновен по обвиненија за подведување малолетни лица и организација на проституција. Иако за тежината на делото оптужениот би требало да биде осуден и на доживотна казна затвор, Епстин, со помош на високо платени адвокати издејствувал договор со тогашните обвинители, и бил осуден на 13 месеци затвор со право да излези на слобода 12 часа дневно, шест пати во неделата „поради бизнис обврски“, пишуваше тогаш NewYork Times.

Сегашното дополнето обвинение укажува дека таа одлука била незаконска. Незаконитоста на таа одлука се потврди и на првото рочиште на кое биле прикажани непристојни фотографии што полицијата ги најде во седумкатниот раскошен дом на Епстин на Менхетен. 

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе