Објавен нов трејлер за трилерот „Escape Room“
Објавен е нов трејлер за психолошкиот трилер „Escape Room“ на Sony, во режија на Адам Робител. Премиерата е закажана за 4 јануари 2019 година.
Дејството се одвива околу 6 ликови кои се наоѓаат во околности надвор од нивната контрола и мораат да останат разумни ако сакаат да преживеат. Во главните улоги се појавуваат Логан Милер, Дебора Ен Вол, Тејлор Расел, Џеј Елис и Ник Додани.