Објавен тендер за изградба на нов Клинички центар во Скопје

„Банката на Советот на Европа во официјалниот гласник на Европската унија го објави тендерот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје“, информира на својот Facebook профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Истото го најави и министерот за здравство Никола Тодоров. Проектот првично беше најавен во 2013 година, но досега не се реализираше.

„Ова е еден од капиталните проекти во македонскиот здравствен систем, со кој ќе се поставува нов стандард за квалитетот на здравствените услуги во Македонија. Инвестицијата само за изградба чини околу 70 милиони евра, а целокупната инвестиција за модернизирање на кампусот е во вкупна вредност од 128 милиони евра“, пишува Груевски.

Појаснува дека по спроведување на законските процедури ќе почнат градежните работи, кои е предвидено да завршат во неколкугодишен циклус.

Тодоров појасни дека понудите ќе бидат отворени на 5 ноември, а изградбата ќе почне следната година, по што за 45 месеци Македонија ќе го добие најмодерниот Клинички центар.

„Проектот предвидува изградба на нов клинички блок, нова зграда на лаборатории со нови простории на 23 клиники односно очна клиника, клиника за уво нос и грло, клиника за радиологија, ургентен центар, за дерматологија, неврологија, пулмологија, гастро, ендокринологија, ревматологија, завод за слух, говор и глас, клиника за анестезија и интензивно лекување, невро хирургија, трауматологија, психијатрија, токсикологија, ортопедија, неврологија, хематологија, нефрологија, трансфузиологија, микробиологија и нуклеарна медицина. Ќе следи и адаптација и реконструкција на зградата на хируршките клиники во кои и сега се сместени урологија, дигестивна клиника, пластика и торакална клиника“, појаснува Груевски.

Клиниката за гинекологија и акушерство останува во посебен објект кој неодамна беше завршен, затоа што објектот на клиниката ги задоволува современите стандарди за тој вид на дејност. Оваа клиника ќе се поврзува со зградата на новиот клинички центар со топла врска што подразбира постојан начин на комуникација и транспортирање на пациентите за кои би имало потреба.

Клиниката за онкологија и радиотерапија останува во стариот објект за кој се предвидува парцијално реновирање и изградба на нов бункер за поставување на линеарен акцелератор како и поврзување со топла врска со новиот клинички блок. Клиниката за детски болести останува во постојниот објект кој е реновиран и адаптиран.

„Исто така заради специфичноста на болестите кои ги третира инфективната клиника останува во постојниот објект каде што е сместена, како и клиника за кардиологија која останува во истиот објект, но целосно ќе се реконструира. За таа цел само што заврши тендерот за изработка на проект за реконструкција на клиниката. Додека клиниката за кардио хирургија е во објект кој е пуштен во употреба во 2015 и целосно ги задоволува светските стандарди за таков тип на дејност“, вели Груевски.

Новиот Клинички Блок е проектиран со вкупно 855 кревети, од кои 720 кревети за болничка нега, 101 кревет за дијагностички функции, интензивна нега и рехабилитација и 34 кревети во дневни болници. Изградбата на новиот Клинички центар ќе овозможи бенефит за сите граѓани, имајќи во предвид дека на годишно ниво во клиниките минуваат повеќе од 800.000 посетители, односно околу 2.200 посетители дневно. Клиничкиот центар ќе има и платформа за слетување на хеликоптери, со што ќе се овозможи да се транспортираат пациентите брзо и ефикасно и нема да се шетаат со колички по патеките низ центарот, како што тоа се прави сега.

Изградбата на новиот Клинички центар „Мајка Тереза“, доколку проектот се заврши со предвидената динамика и се обезбедат потребните дозволи, ќе почне да се гради на почетокот на идната година, а ќе трае во наредните три години, најави министерот за здравство Никола Тодоров во 2013 година. Тогаш се пофали дека конечното идејно решение е готово, сега треба да се изработи основниот проект, кој требаше да биде завршен за околу шест месеци, а вкупната сума за изготвување на целиот проект изнесуваше 1,3 милиони евра.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе