Oбјавена втора верзија на Деталниот урбанистички план за дел од Лисиче, усогласена со потребите на граѓаните

Општина Аеродром во изминатиот период го финализираше изготвувањето на втората верзија од Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. Низ отворена и транспарентна постапка и водејќи се од интересот на граѓаните, постапката вклучуваше разгледување на забелешките добиени во рамки на првата анкета, во насока на тоа финалната верзија на планот да биде усогласена со потребите на граѓаните на овој дел од Аеродром.

Изминатиот период на веб-страницата и социјалните мрежи на Општина Аеродром беше објавен повик за спроведување втора јавна анкета и презентација за коригираниот предлог-ДУП за населба Лисиче. Во периодот од 3 јули до 10 јули, општината ќе спроведе втора јавна анкета која се однесува на коригираниот предлог за овој ДУП. Јавната презентација ќе се одржи на 5 јули во просториите на ООУ ,,Димитар Македонски“, а коригираниот предлог-план ќе може да се види секој ден за времетраењето на анкетата.

Во дел од медиумите вчера беше објавено дека втората верзија за деталниот урбанистички план за УРБАН БЛОК ЈИ 09.01 ДЕЛ ОД ГРАДСКА ЧЕТВРТ ЈИ опфаќа значително помал број станбени објекти во споредба со првата верзија, намалување на катноста на станбените објекти кои остануваат, намалување на бројот на ново проектирани улици, зеленило во форма на парковска површина од 2.000 метри квадратни и легализација на повеќе од 100 објекти за индивидуално домување.

„Изработката и носењето на деталниот урбанистички план за овој дел од Општина Аеродром, првенствено има за цел решавање на инфраструктурните и комунални проблеми на граѓаните, а потоа подобрување на квалитетот на живеење во Аеродром. Целиот процес на изработка деталниот урбанистички план се одвива низ транспарентна постапка и во целиот тек на таа постапка на посреден и непосреден начин беа вклучени граѓаните и останатите заинтересирани постапки.

Апелираме до политичките партии и останатите поединци кои го ставаат личниот и политичкиот интерес, пред интересот на граѓаните, да се воздржат од неконструктивни и  нестручни критики и забелешки со кои само создаваат непотребна конфузија во јавноста. Сите информации поврзани со деталниот урбанистички план за населбата Лисиче, Општина Аеродром на дневна основа ги споделува со јавноста, а општинската администрација, вклучително и градоначалникот и неговиот кабинет остануваат отворени за комуникација со граѓаните, со цел финалната верзија на деталниот урбанистички план да биде прифатлив за сите", велат од Општина Аеродром.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе