На интернет кружат првите фотографии од претстојната видеоигра „Lord of the Rings:Gollum“.
Зaсега нема многу информации за оваа видеоигра, но доколку им веруваме на овие фотографии, факт е дека креаторите нема да ја изневерат нашата доверба.
Приказната ќе биде за Голум, односно играчите ќе ги води неговиот лик низ Мидгард(Средна Земја), додека во позадина ќе ги слушаат и двата гласа кои ги слуша Голум во филмот. Кој глас ќе го изберете – во тој правец ќе се одвива и приказната во играта.
Играта би требало да биде достапна во 2021 година и тоа за PlayStation 5, Xbox Series X и PC, пишува сајтот Tech Fish News.