Објавено видео од тинејџерот кој сакаше да ја убие британската кралица: „Ова е одмазда“

На интернет се појави видео на кое маж со маска и самострел се заканува дека ќе ја убие британската кралица.

Се верува дека станува збор за 19-годишниот маж кој бил приведен од полицијата во замокот Виндзор на Божик. Неговото име е Џасвант Синг Чаил.

Снимката ја испратил на пријатели преку Snapchat половина час пред да биде уапсен од вооружената полиција на 25 декември утрото. Бил на 500 метри од приватниот апартман на кралицата, внатре во замокот. Вооружен со самострел, се искачил на скала од јаже преку оградата на замокот. Кралицата во тој момент појадувала и била информирана за провалата.

„Жал ми е. Жал ми е за она што го направив и она што ќе го направам“

Чаил е снимен облечен во дуксер со качулка, држи црно оружје и ѝ се обраќа на камерата со компјутерски изменет глас. Лицето му го покрива бела маска инспирирана од Star Wars, а неговите зборови укажуваат на познатиот филмски серијал. Еве што рече Чаил:

„Жал ми е. Жал ми е за она што го направив и она што ќе го направам. Ќе се обидам да ја убијам Елизабета, кралицата на кралското семејство. Ова е одмазда за убиените во масакрот во Џалијанвал Баг во 1919 година. Исто така ова е одмазда за оние кои убиваа, понижуваа и дискриминираа поради нивната раса. Јас сум Индиски Сик, Сит. Јас се викам Џасвант Синг Чаил, сега се викам Дарт Џонс“.

Напаѓачот е неспособен за судење

Во „Војна на ѕвездите“, Ситите се непријатели на џедаите и ѝ служат на темната страна на Силата. Масакрот во Џалијанвал Баг се случи во Индија во 1919 година, кога британските колонијални трупи убиле меѓу 380 и 1.000 мирни демонстранти и раниле уште 1.200 луѓе.

Чаил е кривично гонет според Законот за ментално здравје, откако лекарите го прогласија за неспособен за судење.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе