Облачно со слаб до умерен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер, претпладне од југоисточен, а попладне од северен правец. Попладне и преку ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд повеќе во северните и источните делови од земјата.

Утринските температури ќе се движат од 5 до 12, а дневните од 15 до 21 степен.

Во Скопје исто така ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне и преку ноќта ќе има појава на слаб локален дожд. Температурата ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Појава на слаб повремен дожд ќе има и во текот на утрешниот ден, а од попладневните часови и преку ноќта кон петок врнежите повремено ќе бидат поинтензивни. Од утре попладне ќе започне да дува северен ветер кој во наредните денови повремено ќе биде засилен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите. Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег. Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време.

реклама

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе