УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Облак: Имав среќа што одбранив два пенала

Голманот на Атлетико, Јан Облак го однесе својот тим во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Репрезентативецот на Словенија во пенал-серијата ги одбрани ударите на Алексис Санчес и Дави Класен. Атлетико по 120 минути игра победи со 2:1, а пенал-серијата ја доби со 3:2.

„Одигравме одличен натпревар. Бевме многу добри. Генерално, играме многу добри, спектакуларни игри, но секогаш има игра што нѐ повредува. Ги разбирам луѓето кои се лути, разочарани, но така се живее дење и ноќе. Се надевам дека можеме да им дадеме многу повеќе радост“, рече Облак и продолжи:

„Атмосферата на стадионот беше фантастична, како и секогаш. Навивачите и стадионот никогаш не потфрлаат. Може да ни се случи да играме лошо, но навивачите никогаш. Повторно ни помогнаа многу и на крајот секој може среќен да си оди дома“.

Облак не сакаше да ја земе заслугата што Атлетико се најде меѓу осумте најдобри екипи во Европа. Тој не е таков човек.

„Секогаш велам дека кај пеналите е потребно да имате и малку среќа. Мора да ја изберете вистинската страна, треба да ја запрете топката и верувам дека ако играчот шутне перфектно, невозможно е да се запре топката. Но, денеска за среќа успеав да одбранам два шута. Важно е да се победи. Се надевам дека нема да застанеме во четвртфиналето“.

Словенецот ги пофали и гостите од Милано кои на стадионот „Сивитас Метрополитано“ го доживеаја првиот пораз во 2024 година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе