Обновата на мостот во Балтимор би можела да чини најмалку 2 милијарди долари

Макфакс
/ 01.04.2024 / 10:04

Со напорите што се во тек да се исчистат илјадници тони челични остатоци од урнатиот мост во пристаништето Балтимор, гувернерот на Мериленд, Вес Мур синоќа ги повика републиканците да соработуваат со демократите за да ги одобрат федералните фондови за обнова на мостот и заживување на економијата на пристаништето.

Мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор се урна во вторникот рано наутро, при што загинаа шест работници на патиштата, кога голем транспортрен брод изгубил струја и удри во еден од потпорните столбови. Голем дел од мостот се урна во реката.

Администрацијата на Бајден во четвртокот издаде 60 милиони долари првична итна помош за да помогне во расчистувањето на остатоците од мостот и повторното отворање на пристаништето, кое е најголемо во САД за увоз и извоз на рол-он, рол-оф возила за земјоделство и градежна опрема.

Пристаништето е затворено од вторникот, оставајќи ги во неизвесност работните места на околу 15.000 луѓе кои се потпираат на неговото секојдневно работење.

Федералните власти им рекоа на пратениците од Мериленд дека конечниот трошок за обнова на мостот може да порасне на најмалку 2 милијарди долари, објави Roll Call, цитирајќи извор запознаен со дискусиите.

Демократскиот претседател Џо Бајден вети дека федералната влада ќе ги покрие трошоците, но тоа ќе зависи од усвојувањето на законодавството со кое се овластуваат средствата и во Претставничкиот дом предводен од републиканците и во Сенатот предводен од демократите.

Се очекува Бајден оваа недела да го посети местото на уривањето на мостот.

Тагови
реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Свет

Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Read more

Зеленски: Русија сега купува време, подготвува две големи офанзиви напролет

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Подморница со руски туристи потона во Египет, загинаа шест лица

Read more
 

Вести

Одложен митингот на Вучиќ што требаше да биде „најголемиот во историјата на Србија“

Читај повеќе

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Читај повеќе

Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Читај повеќе

Три земјотреси ја погодија Грција во еден час

Читај повеќе

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Читај повеќе

Зеленски: Русија сега купува време, подготвува две големи офанзиви напролет

Читај повеќе

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Читај повеќе

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Читај повеќе

Девет пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осум се враќаат од странство

Читај повеќе