Обвинителството сослушува лица и го истражува скандалот во Домот „25 Мај“

Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство Велес  ја известија јавноста дека преземаат дејствија за да ги утврдат фактите со случајот на штитеничката од ЈУ „Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение“ од Скопје.

Јавното обвинителство соопшти дека информациите кои можат да се споделат во моментов се само оние кои нема да ја повредат тајноста на постапката и одредбите Законот за правда за децата, кои се однесуваат на заштита на детето како оштетено или сведок во кривичната постапка.

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираа се оформени предмети  по писмени известувања поднесени од Министерството за внатрешни работи.

„Доставена е Наредба за проверка на наводите од пријавите и за организацијата и работењето во установата. Повикани се и се врши сослушување на повеќе лица кои можат да придонесат кон утврдување на фактите  и за кривичната одговорност. Во врска со последните информации кои се однесуваат на поголем број штитеници од установата, Обвинителството достави  писмено барање до Министерството за труд и социјална политика со цел прибирање на потребни податоци“, пишува во соопштението на Обвинителството.

„Во Основното јавно обвинителство Скопје е отворен и предмет по поднесена кривична пријава од родителите на девојчето, преку адвокат, против лица вработени во Јавната установа за згрижување деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје,  за сторени кривични дела – злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата од Кривичниот законик“, наведува Обвинителството во соопштението.

Основното јавно обвинителство Велес по применото известување, издало наредба за телесен преглед до Институтот за судска медицина. Вчера до Обвинителството од Министерството за внатрешни работи е пристигната кривична пријава против конкретен сторител.

„Постапката интензивно ќе продолжи со расветлување на настанот сѐ до донесување на јавнообвинителска одлука“, додаваат од Обвинителството.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе