Очекувања и реалност на работната недела од четири дена

Кога њујоршката дигитална консултантска фирма Elephant Ventures премина на четиридневна работна недела во август 2020 година, вработениот Ерик Харкрадер стана многу поефикасен.

Компанијата го промени својот работен распоред на четири 10-часовни дена за да се бори против исцрпеноста на работа, да го зголеми утринското време за фокусирање на работа и да го зголеми времето за преклопување меѓу своите вработени ширум светот. Харкрадер дотогаш работел 50 часа неделно. Менаџментот немаше намера да ја жртвува продуктивноста, па Харкрадер ја компресира својата работа за да може да користи слободни петоци без да работи 12 часа, пишува Wired.

На крајот од неговата четиридневна работна недела, се чувствувал скршено.

„Бев растение. Во четвртокот вечерта состојбата беше ‘нарачај пица, зјапај во телевизорот и само исклучи се’“, вели Харкрадер, но додава дека всушност му се допаднал новиот распоред: „Навистина е кул да можеш да станеш во петок, да го искосиш тревникот, да пазариш кога нема никој во продавницата“.

Саботата ја користи за забава, а неделата за декомпресија: „Сфатив дека сум подготвен за акција во понеделник наутро“.

Четиридневните работни недели стануваат сè попопуларни, благодарение на тестовите кои беа лансирани во неколку земји во последните месеци, како и на компаниите што ја одбележуваат транзицијата со бурни најави.

Истата количина на работа треба да се изврши за помалку време

Wired разговараше со 15 работници во шест технолошки компании кои ја усвоија скратената недела. Вработените генерално го одобруваат ова, и покрај фактот што прецизното толкување на „четиридневната работна недела“ се разликува. Некои компании се држат до 40 часа; многу ја користат 32-часовната недела, но сите инсистираат на тоа дека мора да се заврши истата количина на работа - во најмала рака.

Без разлика дали се работи за повеќе работа во еден час или работа за време на нивниот наводен слободен ден, многу вработени треба да направат повеќе и побрзо. Сепак, многумина се благодарни за тоа. Како што рече еден вработен, „тоа покажува дека компанијата навистина се грижи“. Овој аранжман е благодет за компаниите, помагајќи им да ја поттикнат добрата волја и лојалноста на вработените без зголемување на вкупната плата или намалување на обемот на работа.

Работата со скратено работно време одамна е услов на вработените. На почетокот на 20 век, синдикатите добија намалување од шест на пет работни дена неделно, а американскиот Закон за чесни стандарди на трудот во 1938 година пропишуваше 40-часовна работна недела. Но, додека продуктивноста во меѓувреме тројно се зголеми, платите пораснаа двојно побавно, според непрофитниот Институт за економска политика. Должината на работната недела во голема мера остана иста.

Пократката работна недела ја подобрува благосостојбата

Сега напорите за скратување на работното време се повторно ажурирани. Минатото лето, американскиот конгресмен Марк Такано (демократ од Калифорнија) предложи закон со кој ќе се намали работната недела на 32 часа без да се жртвува платата. Во Европа, ирското тестирање на четиридневната работна недела започна оваа недела, а потоа во јуни во ОК.

Осумдесет и шест проценти од Исланѓаните веќе се префрлиле на работа со скратено работно време или добиле право да преговараат за тоа, откако една голема студија покажа дека пократката работна недела ја подобрува благосостојбата и го намалува стресот и исцрпеноста без да ја жртвува продуктивноста.

„Првата генерација директори кои усвоија четиридневна работна недела не се обидоа да ја преиспитаат иднината на капитализмот. Сите тие велат дека ќе пропаднеа во следните 18 месеци доколку не направеа голема промена“, рече Алекс Панг, автор на книгата „Shorter“.

Четиридневната недела се појави како сеопфатно решение за низа проблеми на кои честопати се решаваше делумно, од задржување на вработените родители до борба против исцрпеноста во корпоративната хиерархија.

Пандемијата го влоши тоа сценарио низ целиот свет. Една година по COVID-19, веб-страницата за огласи за работа Indeed откри дека половина од анкетираните работници рекле дека чувствуваат синдром на исцрпеност, а две третини рекле дека исцрпеноста се зголемила за време на пандемијата. Решението, се надеваат некои технолошки компании, лежи во четиридневната работна недела.

Вработените прават пократки паузи и поминуваат помалку време во „кафе муабет“

Ендрју Барнс, ко-основач на 4 Day Week Global, вели дека мерката не се однесува на рамнотежа помеѓу работата и животот: „Ова е многу разумна и рационална деловна практика која ја подобрува вашата продуктивност и профитабилност давајќи им повеќе слободно време на вашиот персонал“.

Организацијата на Барнс, која работи со универзитетски истражувачи за тестирање на четиридневна недела во различни индустрии, го промовира моделот 100/80/100: 100 проценти продуктивност во 80 проценти од времето со 100 проценти плата. Најголемиот придонес на менаџерите обично е да го намалат бројот и должината на состаноците. „Дали овој состанок може да биде само еден мејл?“ беше популарен „рефрен“ меѓу вработените со кои разговараше Wired.

Но, кога ќе ја стиснете истата количина на работа (или уште повеќе) за помалку време, работата се интензивира. Кога Хелен Дилејни од Универзитетот во Окленд и Кетрин Кејси од Универзитетот во Лафборо проучувале компанија од Нов Зеланд која тестирала четиридневна работна недела во 2018 година, откриле дека вработените прават пократки паузи и поминуваат помалку време во „кафе муабет“ наместо да брзаат назад кон своите бироа за да продолжат да работат.

Во студијата на Дилејни и Кејси, некои работници уживале во „возбудливиот и моќен ритам“, додека други чувствувале дека „итноста и притисокот предизвикуваат зголемено ниво на стрес“, поради што им треба дополнителен слободен ден за да се опорават од интензитетот на работата. Еден човек што го интервјуираа претпочиташе петдневна работна недела бидејќи сакаше да има време за крстозбор за време на ручекот.

Може да настрадаат човечките интеракции што го исполнуваат меѓупросторното време

Рајан Бреслоу, поранешен извршен директор на Bolt, стартап за финансиска технологија со седиште во Сан Франциско, честопати се повикува на изреката „работи како лав, а не како крава“ за да ги опише рафалите со висок интензитет што ги претпочита наместо бавното „пасење“ во текот на работниот ден. Сепак, не секој работник е лав. Кога Bolt го испитувал својот персонал по тестирањето во текот на четиридневната работна недела, 94 отсто од вработените и 91 отсто од менаџерите биле за продолжување на оваа практика. Сепак, 40 отсто од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат под стрес по оваа транзиција.

Малкумина „пуштиле солза“ по неодржаните состаноци, поборниците за агилен развој на софтвер долго време се жалат дека состаноците го попречуваат фокусираното време што им е потребно за кодирање. „Не сакам да ми ја прекинуваат работата освен ако нема пожар“, вели еден инженер на Bolt.

Кога работата е преполна во четири дена, човечките интеракции што го исполнуваат меѓупросторното време може да страдаат. „Немаше време за зезање“, рече еден вработен чиј стартап ја направи промената. Друг рече дека повеќе нема „време за ‘лапање муви' на работа“.

„Има некои луѓе чија главна мотивација на работа е да завршат сè и да си одат дома“, вели Брендан Бурчел, професор по социологија на Универзитетот Кембриџ кој ги проучува глобалните истражувања за 4-дневната работна недела. Многу други се најсреќни кога се случуваат интеракции, вели Бурчел. На пример, самохрани родители чиј главен извор на социјализација со возрасните може да биде на работа. „За нив е многу важно да ги пијат тие кафиња или да ги направат тие релаксирачки разговори со своите колеги“, истакнува Бурчел.

Кога вработените не успеваат да ја натрупаат целата своја работа во скратена недела, таа се прелева во нивниот слободен ден. Неколку вработени во Bolt го третираа петокот како ден без состаноци, за време на кој можеа да работат фокусирана работа без прекин.

Еден менаџер го виде тоа како можност да ја зголеми својата продуктивност со голема брзина: „Можам да направам многу повеќе во петок. Ми беше даден простор да размислувам јасно за работите што сакам да ги направам за компанијата“.

Исто така, се соочиле со предизвици кога станува збор за клиентите кои работат пет дена во неделата.

„Повеќето од клиентите продолжуваа да ми праќаат мејлови во петок“, евли Харкардер. На почетокок не сакал да ги игнорира, па одговарал на мејловите во енговиот слободен ден, што значело дека не можел целосно да се опушти.

Многу работници четиридневната работна недела ја сметаа за подарок

Дилејни и Кејси откриваат дека многу работници сметале дека четиридневната работна недела е подарок, што ги натерало да го планираат својот слободен ден, да работат понапорно и да прифатат компромиси како што е зголемен надзор. Ова најчесто го повторуваа луѓето со кои разговараше Wired. Ова го истакнува проблемот со овие иницијативи наметнати од работодавците, вели Стен Де Шпигелаер, професор на Универзитетот во Гент, кој работел како истражувач во Европскиот синдикален институт.

„Замислете дека треба да се докажете за да имате слободен недела. Она што го сакаме од синдикална перспектива е правото да се намали работното време, а не како подарок од раководството“, вели Де Шпигелаер.

Додека не се пропише пократка работна недела со закон или колективен договор, работодавачите треба да утврдат како ќе се одвива четиридневната работна недела. Работниците за Wired изјавија дека дополнителниот слободен ден направил длабока промена во нивните животи.

Една жена го користела за да се грижи за својот болен татко. Неколку луѓе рекоа дека се чувствуваат поздрави бидејќи имаат повеќе време за вежбање. Некои го користеа дополнителното време за да патуваат и да се занимаваат со хоби, додека други го користеа за различни секојдневни задачи, што значи дека помалку отсуствуваа од работа.

Една жена го опиша како благодет за нејзиното ментално здравје, бидејќи ѝ даваше време да ја победи анксиозноста што често ја чувствуваше на работа. Вработените родители уживаа во можноста да поминуваат повеќе време со своите деца. „Син ми има само 15 месеци, така што различни пресвртници се случуваат секоја недела“, рече Тајлер Суомала, кој работи на развој на бизнисот во стартапот за архитектонски софтвер Monograph.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе