Од 1 февруари еврото ќе биде единствена валута за готовински трансакции во Косово

Од 1 февруари 2024 година единствена валута што може да се користи за готовински платежни трансакции и во платниот систем во Косово е еврото, соопшти Централната банка на Косово.

Според новата регулатива за готовинско работење, која беше усвоена од Управниот одбор на Централната банка на Косово на седницата одржана на 27 декември 2023 година и која ќе стапи на сила на 1 февруари, „другите валути што не се евра може да се користат во Косово само како вредност за складирање во физичка форма или на банкарски сметки во валути што не се евра, за вршење меѓународни плаќања во валути што не се евра и за девизни активности“.

Исто така, размена на валута може да се врши само преку институции лиценцирани од Централната банка на Косово кои ја нудат оваа услуга.

Српскиот динар до сега се користеше во Косово во областите каде живее мнозинско српско население, кое зема плати, пензии, социјална помош или друг вид на надоместоци од буџетот на Србија.

Како што соопшти Централната банка на Косово, целта на новата регулатива е да се подобрат и дефинираат регулаторните стандарди за професионално работење на финансиските институции во областа на готовинското работење, вклучувајќи контрола на количината на пари во оптек, заштита на интегритетот на финансискиот систем, борба против фалсификуваните пари, заштита на потрошувачите, борба против перењето пари и активности за финансирање тероризам, како и решавање на други прашања поврзани со делокругот на ЦБК.

Досега динарите во Косово беа во оптек преку Јавното претпријатие „Пошта Србије“, кое работи во српските области во Косово. Динари користеа и банките Поштанска штедионица и НЛБ Комерцијална банка, каде што постојат динарски сметки.

Динарите пристигнаа во Косово од Србија преку Народната банка на Србија, која има трезор во Лепосавиќ, општина со српско мнозинство на северот на Косово. Тие пари ги транспортираше компанијата за транспорт на пари Henderson.

Во уредбата на Централната банка на Косово сега се наведува дека увозот и извозот на банкноти и монети евра, како и на други валути, ќе се увезуваат во Косово исклучиво преку Централната банка на Косово.

Сепак, регулативата на Централната банка на Косово наведува дека другите валути, освен еврото, можат да се користат во Косово само како вредност за чување во физичка форма или на банкарски сметки во валути различни од еврото, за вршење меѓународни плаќања во валути што не се евра и за девизни активности.

Тагови
реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Регион

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Read more

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Read more

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе