Од денеска нови мерки во Грција, промени во сертификатите за вакцинација и прележан COVID-19

Забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата и намалување на три од шест месеци на важноста на потврдата за прележан COVID-19, се новите мерки што од денеска стапија во сила во Грција.

Oвен за Грците важат и за туристите кои ја посетуваат земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Граѓаните кои се над 60-годишна возраст и иако се вакцинирани, но поминале седум месеци и не примиле трета доза, од денеска се сметаат за невакцинирани и нема да имаат пристап во местата каде што е задолжителен сертификат, односно според портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому „нема да ги имаат привилегиите што ги имаат вакцинираните“ и за нив ќе важат истите рестрикции како и за невакцинираните.

Од друга страна, потврдата за прележан COVID-19 ќе се издава само по направен ПЦР тест и не постои опцијата со позитивен рапид тест, а времетраењето се скратува од шест на три месеци.

Потврдата важи 30 дена по позитивниот резултат до 90 дена потоа.

Согласно министерската одлука со новите мерки, „остануваат во сила потврдите издадени од 13 јуни 2021 година до 31 октомври 2021 година, а потврдите по 1 ноември важат 90 дена.

Мерките, освен за Грците, важат и за туристите, нешто што во четвртокот го објасни и портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на редовниот брифинг со новинарите одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

-Промените се однесуваат на сите кои се наоѓаат на грчка територија и за двете мерки. Во однос на навршувањето седум месеци за сограѓаните кои се над 60 годишна возраст и немаат примено бустер доза, без разлика дали се грчки граѓани или граѓани на други земји кои во нашата земја се наоѓаат од други причини, важи токму истото, нема да ги имаат привилегиите на вакцинираните. Во однос на потврдата за прележан COVID-19, по 1 февруари, бидејќи им даваме еден неопходен временски период за да се прилагодат и да имаат можност да се вакцинираат, ќе важат токму истите правила и за Грците и за граѓаните на други земји, објасни Иконому.

Во последната министерската одлука со предусловите за патување во Грција објавена во петокот, како што веќе пренесе МИА, нема промени во однос на сертификатот за вакцинација за лицата над 60 години и задолжителната трета доза, односно конкретната мерка, барем засега, се однесува само на внатрешноста на Грција, а не и за влез во земјата.

Промени се направени само за потврдата за прележан COVID-19 и повеќе не важи од 30 до 180 дена туку од 30 до 90 дена по првиот позитивен тест. 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Регион

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе