Од Европа до САД за три часа: Доаѓа најбрзиот патнички авион

Авионот за кој станува збор се вика Overture и е дело на Boom Supersonic, американска компанија за авиони.

Boom Overture ветува дека ќе биде најбрзиот патнички авион во светот, кој достигнува брзина од над 2.000 километри на час, двојно поголема од брзината на сегашните авиони.

Речиси 20 години по последниот лет на Concorde, ваквите авиони се враќаат. Американскиот гигант American Airlines нарача 20 нови суперсонични патнички авиони кои би можело да бидат во употреба во 2029 година.

Со оглед на оваа брзина, Overture ќе може да стигне од Лондон до Њујорк (седумчасовен лет) за само три и пол часа и од Лос Анџелес до Сиднеј (вообичаено патување од 15 часа) за само шест часа и 45 минути. Секој авион Overture може да превезе помеѓу 65 и 80 патници.

American Airlines не е единствената компанија која одлучи да инвестира во суперсонични авиони. Наводно, досега се нарачани над 130 вакви авиони, од компаниите United Airlines, Virgin Atlantic и Japan Airlines.

Сепак, производителот Boom е интересен и од други причини. Тие велат дека целосно ќе работат на одржливо гориво и дека авионот ќе има нула нето емисии, што, доколку е точно, може да ја промени целата воздухопловна индустрија. Секако, за ваквите гаранции треба уште да почекаме да видиме како сето тоа ќе функционира во пракса.

Во секој случај, на голема врата ќе пристигнат суперсоничните авиони. А дали ќе станат стандард, ќе покаже времето.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе