Од фудбалска надеж до порно ѕвезда: Каде е сега Демијан Оливер?

Поранешниот фудбалер Демијан Оливер веќе неколку години развива кариера во индустријата за филмови за возрасни, а често снима и со својата девојка Софи Андерсон.

Некогаш му предвидуваа одлична фудбалска кариера, но сега Британецот Демијан Оливер прави нешто сосема друго. Откако ја напушти академијата на Кристал Палас, овој поранешен фудбалер дел од животот помина во затвор, а сега заработува како порно актер.

Поранешниот играч зборуваше за ова во подкастот Anything Goes With James English, нагласувајќи дека работата не е толку лесна како што многумина мислат. Неговото прво филмско искуство било страшно, а за тоа бил платен само 150 фунти, што е многу помалку од заработката на Дени Маунтин, исто така поранешен фудбалер и познат актер во филмовите за возрасни.

Далеку помалку пари отколку што би заработил доколку останел во фудбалот. Некогаш важеше за многу талентиран фудбалер, дури и за иднината на клуб кој со години е стабилен во Премиер лигата, но работите тргнаа наопаку. Тој западнал во сосема друга приказна, а по излегувањето од затвор се посветил на кариерата во секс индустријата, која не му била лесна.

„Беше страшно. На моето прво снимање камерманот беше голем ќелав Ирец, воопшто не ми беше пријатно да го извадам пенисот и да имам секс пред него. Бев целосно гол и многу се потев. Буквално се лизгав во сопствената пот, мораа да го исчистат нередот што го правев, често се прекинуваше со снимање...“, изјави Демијан.

Во таа прилика многу му значела „поддршката“ од колешката со која работел, а подоцна стапи во врска со уште една позната актерка. Софи Андерсон, една од најпознатите Британки во секс индустријата, му е девојка и често заедно снимаат материјали што ги прикачуваат на нивните профили на веб-страниците за возрасни.

Денес тоа е неговиот главен извор на приходи, а сè ќе беше поинаку доколку останеше во фудбалот. Тој имаше одлична можност да стане професионален фудбалер и денес да го гледаме во Премиер лигата. Зборуваше и за тој дел од својот живот во овој подкаст.

„Кога бев во Кристал Палас, можев да останам со нив. Така ќе заработев многу повеќе од сега. Бев борбен, можеби можев да направам добра кариера. Сега сум порно ѕвезда, мислев дека тоа ќе биде подеднакво лесно како фудбалот. Но, не е така како што си мислат луѓето“, изјави некогашниот голем фудбалски талент.

Remote video URL
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе