Од понеделник цената на бензините по новата методологија

Скопје, 21 мај 2019 (МИА) – Од следниот понеделник Регулаторната комисија за енергетика ќе ги утврдува цените на нафтените деривати по новата методологија, која регулаторите треба да ја донесат во следните два дена.

На прес-конференција денеска посочија дека со неа цените ќе бидат пониски од оние што се одредувале со старата, а придобивки ќе имаат и граѓаните и трговците.

Движењата на цените на секој дериват одделно на светските берзи и курсот на доларот ќе бидат најбитни елементи при одредување на цените со новите правила. Средната дневна берзанска цена ќе се утврдува согласно ПЛАЦ Јуропијан маркетскен, а ќе се работи со среден курс на доларот на Народната банка.

Од РКЕ велат дека ќе одредуваат максимални цени, над кои нема да може да оди ни една компанија, а трговците ако сакаат ќе можат да конкурираат меѓу себе со пониски цени. Наместо на 14 како досега, цените ќе се определуваат на седум дена, со цел да се намали ризикот на трговците, и да прават поточни планирања.

Маржата со новите правила ќе биде под 4,8 денари и според претседстел на РКЕ Марко Бислимовски, таа ќе им гарантира разумен профит на трговците.

„Ние добивме барање од компаниите транспортниот трошок да изнесува 0,8 и 0,85 денари, ова е бизнис кој ние не го регулираме, но во изминатиов период правевме сериозни анализи, и нема да биде прифатено ниту едното, ниту другото барање. Во однос на маржата добивме барање од 6,2,  6,5 денари и ткн. Ова се однесува на малопродажната маржа. Таа ќе биде под пет денари. Тие си ги кажаа своите барања, ние си правиме наши анализи, а ако треба да ги прифаќаме барањата на сите компании, тогаш нека нема РКЕ, секој нека си кажува какви сака цени и нека си тераат работа. Ќе направиме методологија која ќе им овозможува на трговците да остваруваат разумни профити, и тоа е во ред, немаме проблем со тоа“, рече Бислимовски.

Со новиот Закон за енергетика, покрај регулирањето, една од главните цели е и обезбедување сигурност во снабдувањето и конкуреност на нафтениот пазар.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе