Од што најмногу се плашиме: Кои се најчестите фобии?

Секој од нас се плаши од нешто, но кога стравот е толку интензивен што предизвикува огромна вознемиреност која ги попречува нормалните активности, станува збор за фобија.

Фобијата е ирационална реакција на одредени предмети или ситуации. Лицата со фобија чувствуваат силна потреба да го избегнуваат изворот на страв, тие знаат дека стравот им е неоснован, но сепак не успеваат да го надминат.

Кои се најчестите фобии?
Офидиофобија – страв од змии

Оваа фобија е специфична фобија која не е присутна кај сите луѓе. Луѓето коишто страдаат од оваа фобија избегнуваат да одат во зоолошка градина, во природа и на сите други места на кои претпоставуваат дека би можело да видат змија.

Аерофобија – страв од летање

Патувањето со авион не е воопшто привлечна идеја за луѓето кои ја имаат развиено оваа фобија. Паничните напади може да се јават при самото полетување или приземјување на авионот, како и при турбулентни летови. Стравот од летање со авион може да е последица на различни други стравови и фобии – страв од авионска несреќа, страв од затворен простор, страв од тероризам и сл.

Клаустрофобија – страв од затворени простории

Чувството на заробеност во затворени простории може да биде застрашувачко и исцрпувачко за клаустрофобичните луѓе. Се избегнуваат лифтови, тесни ходници и соби без прозорци. Посетата во истите резултира со паничен напад и чувство дека личноста е фатена во стапица и не постои начин да се избега. Кога се во полни лифтови, заклучени мали простории или во соби без прозорци, клаустрофобичните лица чувствуваат како да се гушат. 

Хемофобија – страв од крв

Луѓето кои страдаат од хемофобија не поднесуваат крв и во посериозни случаи доаѓа до несвестица при контакт со истата. 

Арахнофобија – страв од пајаци

Специфичната фобија која опфаќа страв од пајаци е широко распространета. Лицата со арахнофобија се чувствуваат непријатно на места на кои веруваат дека има пајаци или кога во нивна близина има пајажини. Кога ќе се соочат со пајак, тие треперат, врескаат, плачат или потат. 

Акрофобија - страв од височина

Екстремниот и ирационален страв од височина е особено честа појава. Околу 2 до 5% од луѓето страдаат од акрофобија, а поголем дел од нив се жени. 

Мизофобија – страв од бактерии и инфекции

Оваа фобија е поврзана со опсесивно-компулсивно нарушување. Луѓето кои страдаат од оваа фобија се изолираат од општеството, се повлекуваат во себе и постојано се плашат да не се заразат со некоја инфекција.

Тагови
реклама

Живот

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Read more

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Read more

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Read more

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе