Од скопските општини најголем број на заболени се регистрирани во Карпош, вкупно 27 лица

Министерството за здравство објави нов извештај за состојбата со коронавирусот во земјава.

Пријавени се вкупно 18 нови случаи на COVID-19 од 4 градови. Најголем број од пријавените лица се со место на живеење во Скопје, 11 лица од кои 4 во Кисела Вода, 2 во Гази Баба, 2 во Центар, и по едно лице во Ѓорче Петров, Сопиште и Илинден.

По Скопје следуваат Прилеп со 4 заболени лица, Куманово со 2 нови случаи и Тетово со 1 регистриран случај.

Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување.Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 30-39 години (n=7), а во однос на дистрибуцијата по пол, по 9 се машки и женски.

Вкупно 11 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Тестирани се вкупно 369 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и во приватните лаборатории. Позитивни се 18 или 4,9% од тестираните.

Заклучно со 26.03.2020, пријавени се вкупно 219 случаи на COVID-19 (I=10,6/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 10 градови: Скопје (n=134), Дебар (n=43), Куманово (n=17), Штип (n=8), Прилеп (n=6), Велес (n=3), Охрид (n=3), Кавадарци (n=2), Тетово (n=2) и Гостивар (n=1) (Картограм 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 154,9 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 21,7 на 100.00 жители, додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 15,2.

На ниво на општина на територијата на Скопје пријавени се заболени лица во 10 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош, вкупно 27 лица. 

Во Гази Баба, Кисела Вода и во Центар има по 20 заболени лица, 11 лица се од други градови, а живеат во Скопје, во Ѓорче Петров има 11 лица, Аеродром 8, Сопиште 7, Бутел 4, Чаир 3 и Илинден 2 лица.

Во Скопје се болни 132 лица, а двајца се оздравени.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 109 машки и 110 женски лица. 

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (медијана – 44 години). Најголем број на заболени се на возраст од 30-39 години – 51 (23,3%) и 50-59 години – 50 (22,8%).

Од пријавените случаи, 48 или 21,9% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а 171 случај се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (67,1%), температура (64,5%), слабост (30,3%), главоболка (26,3%), болка во грло (21,7%) и треска (20,4%), а 67 лица се без изразени симптоми.

Регистриран е 21 случај на заболување меѓу здравствени работници. Од овој број, 14 се заболени во болнички/ амбулантски услови.

Според исходот од заболувањето, кај 213 лица се активни случаи, три случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 3 смртни случаи.

Од позитивните случаи, регистрирани се 822 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена. Од регистрираните, 186 случаи се со локална трансмисија.

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

- Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

- Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе