Од утрово Белград е во снежен хаос

Иако снегот беше најавен и се очекуваше, сепак создаде хаос во престолнината на нашиот северен сосед.

Снегот кој од ноќеска паѓа во Белград во комбинација со утринскиот сообраќаен шпиц создаде хаос низ улиците на српскиот главен град, пренесуваат тамошните медиуми. Метеоролозите најавуваат дека ќе падне вкупно 20 сантиметри снег, а на повисоките делови од градот и до 30.

На многу главни улици и раскрсници автомобилите лазат. Голем застој настана на плоштадот „Славија“ каде останаа блокирани и трамваите. Долги колони се забележани и од бул. „Краља Александра“ па сѐ до Вуков споменик во стариот дел. Блокиран е и делот околу Београдско сајмиште, каде автомобилите едвај се движат.

URL

Снегот создаде проблеми и на автопатот Белград-Ниш во делот од Нови Београд кон излезот од градот.

Пријавени се и неколку сообраќајки, меѓу кои и превртен камионн, како и паднати дрвја кои дополнително го попречуваат нормалниот проток на возила.

Славија

На Вождовац 6-7 автобуси останале блокирани на улица откако снегот ги фатил неподготвени, со летни гуми.

URL

„Кога зборуваме за априлските снегови, од почетокот на метеролошките мерења во последните 150 години немаме забележано ваква количина на снег. Ова е невообичаена појава за април, да се случеше во декември или јануари немаше да биде необично. Во април снег се формира еднаш во десет години“, вели српскиот метеоролог Слободан Совиљ за Kurir.

Снегот интензивно паѓа и во други делови на Србија.

URL
Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Регион

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе