Под мотото „Секогаш на вистинската страна“

Одбележување на Денот на народното востание – 11 Октомври

Со традиционалниот импровизиран напад пред Меморијалниот музеј „11 Октомври“ и со огномет синоќа во Прилеп почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81-та годишна од почетокот на антифашистичката борба во 1941.

Централниот настан за одбележување на празникот, кој годинава е под мотото „Секогаш на вистинската страна“ ќе се одржи денеска пред Спомен – костурницата во Куманово, а дополнително владини делегации ќе положат свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци од Народно ослободителната борба (НОБ) во Скопје и Прилеп, а во Собранието ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ за 2022 година.

Наградата за животно дело во областа на науката и образованието ќе му се врачи на невропсихијатарот, проф.д-р Методи Чепреганов, додека во областа на културата и уметноста на поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли и ликовниот уметник Мицко Јанкуловски.

Централниот настан во Куманово ќе започне со положување цвеќе на Спомен – костурницата, а на свеченоста ќе присуствува владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав ќе бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министрите за труд и социјална политика и за информатичко општество и администрација, Јована Тренчевска и Адмирим Алити.

Во рамки на одбележувањето на платото пред Спомен – костурницата обраќање ќе има премиерот Ковачевски, по што ќе следува културно-уметничка програма.

Свежо цвеќе на споменикот на „Ослободителите на Скопје” на платото кај Владата ќе положи владина делегација предводена од вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, во чиј состав ќе бидат на замениците-министри за информатичко општество и администрација и за одбрана Александар Бајдевски и Башким Хасани.

На чествувањето на празникот 11 Октомври, пак, во ќе присуствува владина делегација предводена од министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, а во чиј состав ќе бидат заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски и директорот на Агенцијата за развој на земјоделство, Џемил Ќамили. Владината делегација ќе положи цвеќе пред споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто  Прилеп, пред споменикот на идеологот на народно ослободителната борба Кузман Јосифоски Питу и на Могилата на непобедените, каде се моштите на 650 борци од НОБ.

На свеченостите цвеќиња ќе положат и делегации Организацијата на борците од НОБ, од локалните власти, на политички партии, здруженија, како и граѓани.

Во исто време, во Собранието денеска ќе биде доделена Државната награда „11 Октомври“ како највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес. Овогодишни добитници на 11-Октомвриската награда во областа на науката и образованието е невропсихијатарот проф. д-р Методи Чепреганов, а во областа на културата и уметноста поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли и ликовниот уметник Мицко Јанкуловски.

Во пресрет на чествувањето на Денот на народното востание, вчера попладне на свечена церемонија во Скопје претседателот Стево Пендаровски со Медал за заслуги за Република Северна Македонија ги одликува уметниците Анка Гиева и Виолета Томовска и постхумно Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски. Медал за заслуги им е доделен за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки.

Одбележувањето на празникот започна со традиционалниот импровизиран напад на некогашниот полициски Участак, денес Меморијален музеј „11 Октомври“, кој е потсетување на настаните пред 81 година кога со акцијата на групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ е означен почетокот на антифашистичката борба во земјава во Втората светска војна. Истиот ден, борци на Првиот прилепски партизански одред ја нападна и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

Празникот 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција државава застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ заедно со припадниците на останатите заедници самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највисок ранг како корпуси и дивизии. За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети.

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Северна Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации и на НАТО и ги започна преговорите за членство со Европската Унија. 

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе