Официјално: Чан е нов играч на Јувентус

Торино, 21 јуни 2018 (МИА) - Италијанскиот шампион Јувентус го објави привлекувањето на Емре Чан на слободен трансфер. Договорот е за 4 сезони. Поранешниот играч на Ливерпул го напушти „Енфилд“ откако неговиот договор истече и тој одби да го продолжи.

Утрото, Германецот слета во Торино и ги помина медицинските тестови, а потоа го потпиша неговиот договор во локалната канцеларија на клубот.

Дваесет и четири-годишниот Чан не играше последните неколку месеци поради повреда на грбот што го чинеше и место во германската репрезентација за Светското првенство.

Тој се појави во игра во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, и тоа беше негова последна минута во дресот на тимот од Мерсисајд.

Ливерпул го привлече Чан од Баер Леверкузен во 2014 година. Оттогаш тој одигра 167 натпревари за „црвените“ и постигна 14 гола.

Германецот е третиот нов играч во Јуве. Пред тоа, клубот веќе ги потпиша голманот Матија Перин од Џенова и го врати младиот напаѓач Андреа Фавили.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе