
Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Реал Мадрид, Шаби Алонсо е назначен за нов тренер на Баер Леверкузен.
Бундеслигашот го отпушти Херардо Сеоане од местото главен тренер на тимот по вчерашниот пораз од Порто во лигата на шампиони.
Новиот тренер потпиша договор со важност до крајот на јуни, 2024 година. Алонсо се повлече од фудбалот во 2017 година по што работеше во академијата на Реал Мадрид и беше тренер на вториот тим на Реал Сосиедад.