ОЈО бара истрага за разбојништво во спортска обложувалница во Скопје

Скопје, 2 декември 2019 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело „разбојништво“.

Како што информира Јавното обвинителство, на 20 септември годинава, осомничениот влегол во спортска обложувалница на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје и со нож во раката се заканил на вработениот, барајќи од него да му ги даде парите. Оштетениот, исплашен за својот живот, се упатил кон касата и ја отворил, па на осомничениот му предал 15.000 денари. Откако ги одзел парите, осомничениот избегал.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека се исполнети условите наведени во законот.

-Осомничениот 27-годишник е повеќекратен повратник на истородно кривично дело, а казната по претходната осуда ја издржал во август. Освен ова, тој непосредно по настанот бил во бегство и по него била распишана централна потерница, што укажува на опасноста тој повторно да се даде во бегство. Јавниот обвинител ценеше дека постојат и особени околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека би можел да го повтори делото, соопшти ОЈО Скопје. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе