Олимпијците заминаа за Рио де Жанеиро

Подобрување на личните и државните рекорди е целта на македонските спортисти кои ќе настапат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Македонија во Рио ќе ја претставуваат пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски, џудистката Катерина Николоска, стрелачката Нина Балабан и атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев.

Четиринаестчлената македонска експедиција во Рио покрај спортистите ја дополнуваат нивните тренери, односно Владимир Богоевски (спортски директор на МОК) и докторот Зоран Ханџиски. Во Бразил ќе патуваат и првиот човек на МОК и генералниот секретар Васил Тупурковски и Сашо Поповски, но на покана на Интернационалниот олимписки комитет.

„Пресреќен сум што имаме еден ваков ден кога нашите олимпијци одат на Олимпијадата во Рио каде ќе ја претставуваат земјата, ќе ги бранат боите на Македонија, ќе ја претставуваат својата чест. Ние сме дел од олимпиското движење, а овие спортисти сега се дел од олимпиското семејство“, рече на прес-конференцијата по повод заминувањето на македонската експедиција за Рио, првиот човек на Македонскиот олимписки комитет Васил Тупурковски.

Македонската експедиција за Рио ќе патува без пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски, кои заедно со својот тренер во Бразил ќе пристигнат од САД.

Катерина Николовска ќе се натпреварува во џудо, категорија 63 килограми. Таа влегува во историјата на македонскиот олимпизам бидејќи е првата која ќе ги брани националните бои во овој спорт.

„За олимпијадата се подготвував во Прага и во Хрватска, пред неколку денови се вратив во Македонија. Од мојот настап очекувам да биде максимално концентриран, да пружам борба до последната секунда. Со добра ждрепка очекувам и добар пласман“, рече Николовска, која на борилиштето првиот настап ќе го има на 9 август.

„За оваа олимпијада тренирав во Швајцарија, добро се подготвив. Подготвен сум да поставам нов државен рекорд, се надевам дека ќе имам добра настап“, рече спринтерот Ристе Пандев, кој во квалификациите на 100 метри ќе настапи на 13 август.

Пливачите Блажевски и Богдановски своите квалификациски трки на 200 метри мешано, односно 200 метри слободно ќе ги имаат на 10 август (Блажевски) и 15 август (Богдановски).

Покрај спортската експедиција, Македонија во Рио де Жанеиро ќе ја претставуваат и тројца судии Начевски и Николов во ракомет и Поповски во тенис.

Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе се одржуваат од 5 до 21 август.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе