Не е прв случај, ама никогаш не престанува да биде забавно.

Д-р Клер Венам даваше онлајн интервју од дома за BBC News Channel во врска со локалните карантини во Велика Британија, кога нејзината ќерка влезе во кадар.
Во разговорот со BBC подоцна, д-р Венам изјави дека баш е иронично што ѝ се случило ова, бидејќи неодамна објавила труд за British Medical Journal токму на оваа тема.
Во трудот таа го застапува ставот дека „судирот“ меѓу нашите приватни и професионални животи што се потенцира со ковид-кризата може дури и да помогне во подобрување на родовата еднаквост. Таа сепак додаде дека никогаш не ни помислила дека вакво нешто ќе ѝ се случи нејзе.
Новинарот кој ја интервјуираше поразговара и со ќерка ѝ Скарлет и рече дека тоа му е најинформативното интервју што го направил цел ден.
Првото вакво вирално видео во кое деца влегуваат во кадар среде работно интервју се случи во 2017 година кога двете деца на професорот Роберт Е. Кели се појавија во позадина додека тој даваше стручно мислење во живо за BBC.