Се ближи периодот кога почесто ќе го минуваме времето на излети во природа, а Opel ја искористи оваа прилика и го претстави камперот Zafira Life Crosscamp Lite.
Камперот во Германија чини најмалку 44.499 евра, а доаѓа со кујна, полици, мијалник и уште многу работи.
Модификациите се на германската компанија Crosscamp, има мал фрижидер, клупа која може да се претвори во кревет со димензии 200х140 сантиметри.
Новиот кампер може да се нарача и со седум седишта.
Камперот е опремен и со безбедносна опрема како што се предупредувања за сообраќајки, систем за автоматско кочење во итни случаи и асистенција при паркирање.