Општина Аеродром: И покрај сите опструкции од централната власт, Општината две години активно работи на реализација на нови проекти

„Доколку енергијата која СДСМ ја троши за прес-конференции полни со лаги и дезинформации ја потрошеа за реализација на проекти и инвестиции за граѓаните, денес немаше да биде политичката партија со најнизок рејтинг помеѓу граѓаните во Македонија. Четири години власт без никакви резултати и двегодишна работа како безгласна опозиција во советот на Општина Аеродром, беа доволни за СДСМ конечно да го покаже своето вистинско лице пред граѓаните и да покаже дека е политичка партија која ја интересираат само личните интереси, фамилијарните бизниси и тендер зделките“, велат од Општина Аеродром.

„Смешно е за проекти и развој да говори политичката партија која 4 години не реализираше ниту еден капитален проект за Аеродром, а воедно претставува пример за корумпирано и криминално владеење кое донесе сиромаштија и економска криза во државата.

Наместо да држат прес-конференции полни со дезинформации, СДСМ треба да даде одговор за тоа зошто нивната влада свесно го кочи почетокот на изградба на две детски градинки, доградба и надградба на две основни училишта, како и изградбата на новиот плоштад зад ТЦ „Капитол“. Ќе беше зачудувачки доколку СДСМ, наместо да ја лаже јавноста, дадеше одговор зошто ги намали дотациите за основното образование, а министерката за труд и социјална политика од редовите на таа партија одговореше зошто владата не презема ништо за решавање на проблемот со капацитетите во детските градинки во Аеродром“, соопшти Општината.

„Граѓаните на Општина Аеродром се свесни и знаат дека доколку има политички субјект на кој му пречат новите проекти во Аеродром, тоа дефинитивно е СДСМ и доколку постојат политичари кои направиле се за да стагнира развојот на општината, тоа дефинитивно се премиерот, министрите и пратениците од најдеструктивната политичката партија во историјата на Македонија.

На крајот дозволете да напоменеме дека и покрај сите опструкции од централна власт, општината две години континуирано и активно работи на реализација на нови проекти и инвестиции. Аеродром и во услови на економска криза предизвикана од неспособноста на централната власт, се менува, раззеленува и разубавува. Граѓаните од секоја населба добиваат нови улици, сообраќајници, паркови и игралишта, а дечињата учат во нови и модерни училишта. Опструкциите и пречките го покажуваат вистинското лице и деструктивниот карактер на оваа политичка партија, но нема да дозволиме тие да го спречат понатамошниот развој на општината и реализацијата на проекти од интерес за граѓаните“, се додава во соопштението на Општина Аеродром.

реклама

Македонија

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Read more

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Read more

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Read more

Девет пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осум се враќаат од странство

Read more
 

Вести

Три земјотреси ја погодија Грција во еден час

Читај повеќе

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Читај повеќе

Зеленски: Русија сега купува време, подготвува две големи офанзиви напролет

Читај повеќе

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Читај повеќе

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Читај повеќе

Девет пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осум се враќаат од странство

Читај повеќе

Девојка допирана по телото на автобуска постојка во Центар

Читај повеќе

Додик се огласи за потерницата: БиХ е промашена и пропадната земја

Читај повеќе

Сопругата на насилникот од Радовиш не сака да го гони, видеото било старо, МВР поднесе кривична

Читај повеќе