Општина Аеродром втора година по ред обезбедува часови за бесплатно пливање за првачињата и децата со попреченост

И оваа година преку проектот „Учиме да пливаме“ учениците од I одделение и дечињата со попреченост во Општина Аеродром имаат можност да ги совладаат техниките и стиловите на пливањето, целосно бесплатно, овозможено со средства од Општина Аеродром. Како дел од проектот, учениците добиваат часови од стручни лица, како и целосна опрема за пливање, информираат од Општина Аеродром.

„Инклузивноста и здравиот начин на живеење се важни за нас во Аеродром, а задоволството на родителите и радоста на дечињата се доволна потврда дека со проектот ги рушиме стереотипите на административното работење и грижата за најмладите ја ставаме високо во нашите приоритети“, се истакнува во официјалната информација.

Пливањето, појаснуваат од таму, овозможува тренинг за целото тело и го активира умот, а преку конкретниот проект, освен физичкиот развој, дечињата успеваат за момент да ги оттргнат од секојдневните обврски и дигиталната технологија стекнувајќи нови спортски и моторички вештини.

Најавуваат дека поддршката за спортот и здравиот живот продолжува и понатаму, со проекти и активности во разни спортски дисциплини.

реклама

Македонија

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Read more

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Read more

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Read more

Денеска дожд, од утре сонце

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе