Општина Центар: Исчистениот канал на Водно спречи поплавување на Капиштец

Градоначалникот Андреј Жерновски, заедно со претставници на општина Центар, ја посетија населбата Мало Курило, на Водно, каде имаше неколку погодени куќи од поплавите.

Жителите се благодарни за неодамнешното чистење на каналот, кој цели 40 години бил запоставен и полн со шут и ѓубре.

„Ако каналот беше нечист, ќе поминевме многу лошо и ние, но и населбите Капиштец и Козле, кои се подолу. Пред да се исчисти каналот, при помали дождови водата се излеваше, не сакам ни да помислам што ќе се случеше сега. Голема среќа што вака се заврши цела работа со минимални штети “, вели жителка на Мало Курило.


Од овој канал беа извадени преку 30 тони ѓубре и шут во акцијата која ја организираше општината пред неколку месеци. Оваа мала населба со години била запоставена од општинските служби на Центар, но во последниот период ситуацијата е променета.

„Предолго време овие далечни делови од Центар беа запоставени од општинските власти, но ние тоа го променивме. Се планираат нови прокети во оваа населба и целосно реконструирање на главната улица „Загрепска“, изјави Жерновски.

Општината во текот на оваа недела врши процена на штетите во домовите на граѓаните на Центар. Се санираат штетите во ОУ „Кочо Рацин", но најголем дел од механизацијата и службите во моментов работат во погодените подрачја и го поддржуваат Централниот кризен штаб за санирање на штетите, велат од општината.

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе