Општина Центар ја урна дивоградбата на Пластичарска улица

Општина Центар рано утринава ја урна дивоградбата помеѓу улиците “Самоилова“ и “Никола Карев“.

Со асистенција на МВР, градежна фирма избрана на тендер го изврши решението донесено од страна на овластен градежен инспектор на општината за отстранување на дива градба.

Ниту утрово на местото на дивоградбата не се појави инвеститорот на објектот, кој сè уште е непознат. Претходно, кога објектот беше во фаза на ископ, овластен инспектор донесе решение за враќање во првобитна состојба. Тогаш решението никој не го прими, а непознатиот инвеститор без одобрение продолжи со градбата.

Дека се работи за дивоградба, констатираа заеднички на увид инспекторот на општина Центар, заедно со градежен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Неколкупати на објектот беше оставана покана инвеститорот да дојде во општина Центар, но на ова никој не се одговори.

Дивото градилиште два пати беше затворано со цел да се постапи по решението за отстранување на градбата. Градоначалникот на општина Центар ги потпиша документите и барањето до МВР за да може да се започне со постапката за извршување. По добиената согласност од МВР, рано утринава се пристапи кон уривање на објектот.

„Центар внимателно ќе ја следи состојбата на терен и нема да дозволи дивоградби на територија на општината“, се вели во соопштението.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе