Орбан: Меркел можеше да ја запре војната во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изрази пофални зборови за поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, изјавувајќи дека таа, доколку сѐ уште беше канцеларка, ќе можеше да ја спречи руската војна во Украина, пренесе dpa.

На настан во Берлин, Орбан кажа дека Меркел, со нејзините постапки,  во 2014 година спречила војна по руската анексија на Крим.

-Тоа што Ангела Меркел го направи во време на кризата на Крим беше ремек-дело, рече тој, пренесе германската агенција.

Десничарот Орбан, кој има многу критичари во германската Влада на левиот центар, вклучително и поради неговиот став кон ЕУ, пред два дена се сретна со Меркел за време на неговата посета на Берлин.

Засега не е познато за што разговарале двајцата.

На истиот настан, организиран од списанието за политика и култура „Цицеро“, Орбан кажа и дека американскиот претседател Џо Бајден не е вистинската личност да ги прекине борбите во Украина.

Тоа што беше потребно, рече тој, е договор меѓу САД и Русија. Но, Бајден отиде предалеку критикувајќи го претседателот Владимир Путин, тврди Орбан.

-Можеби звучи грубо, но надежта за мир се нарекува Доналд Трамп, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан од Берлин.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе