Вице-премиерот Бујар Османи смета дека не очекува голема реконструкција на Владата, туку само пополнување на испразнетите места. Во однос на прашањето за назначување на нов министер за здравство, Османи вели дека истиот нема да биде назначен пред 25 декември, поради агендата на Собранието.
„Разговорите се во тек, можеби почнуваат од денеска. Мислам дека собраниската агенда не дозволува било какво разгледување на нови предлози пред 25 декември. Овие денови ќе се искористат за дополнителни консултации по однос на прашањето за назначување на нов министер за здравство“, вели Османи.
Иако во јавноста кружи името на докторот Венко Филипче како нов министер за здравство, се уште нема официјален став од Владата.