Осогово со Рома, Барса, Ливерпул ќе соработува за Меѓународниот ден на исчезнати деца

Клубови од целиот свет се обединуваат со една цел, да помогнат во пронаоѓањето на децата кои се пријавени како исчезнати. Меѓу сите великани и еден наш клуб, верувале или не, тоа е тимот од Кочани.

Во Осогово поканата ја добиле директно од Рома, клубот со кој и соработуваат на Twitter. Рома предничи на оваа социјална мрежа кога се во прашање италијанските клубови, додека Осогово, иако второлигаш, прави најголема врева од сите македонски клубови. Оттаму и соработката, популарните сакаат да соработуваат со популарни клубови.

URL

Начинот на кој секој клуб може да помогне во ова аиницијатива е доброволно да ги користи своите канали на социјалните медиуми за на 25 мај да сподели видео во кое се прикажани деца кои во моментот се водат како исчезнати низ целиот свет. 25 мај е светски ден на исчезнати деца. Иницијативата наречена Football cares ја води Меѓународниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (ICMEC) и ја поддржува и Европската клупска асоцијација (ECA), како и ФИФА.

„Минатото лето нашите пријатели од фудбалскиот клуб Рома објавуваа низа на објави со деца кои се сметаат за исчезнати и благодарение на нивните објави 6 од децата беа пронајдени и вратени таму каде што припаѓаат. Затоа и од ICMEC веруваат дека ваков проект проширен интернационално може да ја зголеми веројатноста да се пронајдат уште повеќе драгоцени млади лица“, велат од Осогово.

URL

За одбележување на Меѓународниот ден на исчезнатите деца, на 25 мај секоја година ICMEC ги координира активностите и кампањите за градење на свеста за проблемот со исчезнатите деца, ги слави оние што се опоравени и пронајдени и се сеќава на сите оние кои сè уште недостасуваат.

„Фудбалот е најпопуларен спорт во светот и ICMEC го препознава потенцијалот на клубовите да ги засилат нашите напори за објавување на маките на исчезнатите деца преку нивното неверојатно присуство на социјалните медиуми. Би сакале да им се заблагодариме на ECA и ФИФА за нивната фантастична поддршка и секој клуб кој се согласи да учествува во иницијативата Football cares“, вели Каролин Хумер, потпретседателка на програмата.

Сите македонски клубови кои сакаат да бидат дел од оваа хуманитарна иницијатива можат да се приклучат откако ќе ја контактираат Рома на електронската пошта footballcares@asroma.it. Инспирирани од постапката на Осогово, од скопски Вардар веќе најавија приклучување.

Вкупната бројка на клубови досега приклучени е 73:

АЕК, Грција
Ал Ахли, Египет
Алијанса, Ел Салвадор
Астана , Казахстан
Астерас, Грција
Аталанта, Италија
Атлетик, Шпанија
Атлетико, Шпанија
Атромитос, Грција
АЗ, Холандија
Баер Леверкузен, Германија
БАК, Унгарија
Барселона, Шпанија
Бенфика, Португалија
Бофоакуа Тано, Гана
Борусија Дортмунд, Германија
Булауајо Чифс, Зимбабве
Капс Јунајтед, Зимбабве
Селтик, Шкотска
Клуж, Романија
Челси, Англија
Корк Сити, Ирска
Стејмур, Фарски Острови
Фехервар, Унгарија
Ференцварош, Унгарија
Јелгава, Латвија
Сарајево, Босна и Херцеговина
Генк, Белгија
Осогово, Македонија
Гокулам Керала, Индија
Хапоел Бе'ер Шева, Израел
Хитарпс, Швеска
Хофенхајм, Германија
Интер, Италија
Џамшедпур, Индија
Јувентус, Италија
Гент, Белгија
Кариобанги Паркс, Кенија
Ла Фјорита, Сан Марино
ЛАСК, Австрија
Лацио, Италија
Линколн Ред Импс, Гибралтар
Линфилд, Северна Ирска
Ливерпул, Англија
Локомотив, Русија
Лори, Ерменија
Лудогорец, Бугарија
Малме, Шведска
Марсеј, Франција
Олимпијакос, Грција
Омонија, Кипар
Панатинаикос, Грција
ПАОК, Грција
Ренџерс, Шкотска
Рома, Италија
Розенборг, Норвешка
Сент Ентони'с, Шкотска
Секонди Хасаакс, Гана
СЈК, Финска
Славија, Чешка
Слован, Словачка
Сутјеска, Црна Гора
Тотенхем, Англија
Валенсија, Шпанија
Викторија, Чешка
Велингтон Феникс, Нов Зеланд
Вестерн Сидни Вондерерс, Австралија
Волфсбург, Германија
Тирол, Австрија
Јанг Бојс, Швајцарија
Зимбру, Молдавија
Зенит, Русија
Цирих, Швајцарија

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе