И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути драстично падна, по објавувањето на записникот на ФЕД. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 105,85 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 107,15 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута потона од вчерашните 141,20 на 138,85 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0420 долари, додека вчера во ова време беше 1,0305 долари.
Цените на нафтата, пак, продолжија да се намалуваат, откако вчера потонаа за повеќе од 3 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,15 отсто, на 85,25 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,20 отсто, на 77,80 долари.
Раст на азиските берзи
На азиските берзи цените на акциите пораснаа, како и на Волстрит претходниот ден, додека курсот на доларот нагло падна бидејќи инвеститорите очекуваат забавување на темпото на зголемување на каматните стапки од страна на американската ФЕД и другите централни банки. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, порасна за 0,6 отсто околу 19 часот.
Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei зајакна за околу 1 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Хонгконг и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,2 и 0,8 отсто. Во Шангај, пак, тие паднаа за 0,2 отсто.
Азиските инвеститори беа охрабрени од вчерашниот втор последователен ден на добивки на Волстрит, откако записникот од состанокот на лидерите на американската централна банка покажа дека покачувањето на каматните стапки наскоро може да забави.
Dow Jones зајакна за 0,28 отсто, додека S&P 500 порасна за 0,59 отсто, а Nasdaq индексот за 0,99 отсто.
Записникот на ФЕД ја засили тезата дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за 0,50 процентни поени во декември, по серијата зголемувања за 0,75 поени.
Можно е и забавување на затегнувањето на монетарната политика бидејќи низа макроекономски податоци покажуваат дека деловната активност во САД слабее, додека растот на потрошувачката, главниот двигател на економијата, забавува.
Сепак, сè уште има отворени прашања за тоа како ќе се движи инфлацијата во наредните месеци и до кое ниво ФЕД ќе ја зголеми цената на парите. Утрово централната банка на Јужна Кореја повторно ги зголеми клучните каматни стапки, но за само 0,25 процентни поени, на 3,25 отсто. Благодарение на ова, јужнокорејскиот берзански индекс Kospi е меѓу најголемите добитници.