Осум месеци затвор за учесник во протестите против пресудата за случајот ,,Монструм”

Обвинетиот Бетим Касами е осуден на казна затвор од осум месеци за насилните настани од 26 февруари, кога се протестираше против пресудата за случајот „Монструм”. Судот при одредување на казната, рече дека ја имал предвид здравствената состојба на обвинетиот.

Обвинетиот Бетим Касами, пред судот се произнесе дека ја прифаќа вината за сторено кривично дело учество во насилна толпа.

– Да, бев на протести. Го признавам делото. Доброволно го прифаќам делото. Се каам за стореното и го молам судот поблаго да ме казни, рече обвинетиот Касами.

Застапникот на обвинението, обвинителката Марија Демирова – Панајотова, во завршните зборови против обвинетиот Касами, рече фактичната состојба во овој предмет е неспорна и дека обвинетиот го сторил кривичното дело, односно побара истиот да биде прогласен за виновен. Воедно, побара судот да ги земе во предвид олеснителните и отежнителните околности, меѓудругото и последиците што настанале како резултат на стореното кривично дело (повреда на 11 полициски службеници).

Адвокатката Иванка Јакимовска истакна дека обвинетиот Касами е млада личност која првпат е во судир со законот, односно со мерката притвор разбрал дека погрешил.

– Пред себе имате личност која наивно е влезена во овој кривичен настан, тоа е и податокот дека во овој настан влегол како редар. Понесен од толпата не можел да реагира како што би требало да реагира, рече адвокатката Јакимовска.

Полициските службеници кои биле дел од обезбедување на протестите против пресудата за случајот ,,Монструм”, беа поделени во однос на оштетното побарување и приклучување кон кривичниот прогон.

Судењето за насилните настани од 26 февруари го води судијата Марин Станевски.

На претходното рочиште за овој настан, со по една година затвор беа осудени три лица кои според обвинението учествувале во насилните протести на 26 февруари.

Одбраната на обвинетиот Фабио Идризи, осомничен дека учествувал во насилните протести против пресудата за случајот „Монструм”, до судот доставил листа на сведоци со цел побивање на обвинението поднесено од скопското обвинителство.

Судот во овој случај го задолжи адвокатот Асмир Алиспахиќ во рок од три дена да ги достави адресите на предложените сведоци на кои судот треба да им прати покани.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Хроника

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе