Осум симптоми што укажуваат на нетолеранција на шеќер

Ако сакате да јадете слатки, веројатно сте навикнати на чувството кое следи по нивното консумирање. Имено, може да се работи за лошо чувство, па можеби се прашувате како вашето тело поднесува шеќер. Иако се можни алергии на шеќер, тие се многу ретки, но нетолеранцијата на шеќер е нешто почеста.

„Шеќерот може да предизвика воспаление во цревата, што може да предизвика симптоми како надуеност, грчеви, болки во стомакот, а можеби дури и протекување на желудникот“, вели диететичарот Даниел Вентер за Romper.

Симптомите обично се појавуваат многу брзо по јадењето на слатката храна. Обично ќе се појави околу два часа подоцна, но понекогаш може да потрае четири до шест часа.

„Зависи од изедената количината бидејќи мала количина може да не предизвика реакција“, објаснува Вентер. „Некои симптоми како надуеност или главоболки може да се појават дури и ден или два по консумирањето“, вели таа.

Надуеност

„Надуеноста никогаш не е пријатна. Се чувствувате надуено и летаргично, а ако вашето тело се бори да свари одреден шеќер, без разлика дали е тоа лактоза или нешто друго, тоа може да предизвика надуеност бидејќи тој шеќер се обидува да се пробие низ вашиот дигестивен систем“, вели Вентер.

 „Јадењето повеќе влакна помага во борбата против запек и надуеност“, вели таа за Romper. „Избегнувајте газирани сокови и гуми за џвакање. Активирајте се за да ги движите цревата“, додава тој

Гасови

Вишокот гас може да биде и знак дека имате нетолеранција на шеќер, вели регистрираната диететичарка Ванеса Рисето. Земањето лекови за олеснување на гасовите може да помогне, но тоа нема да ја поправи основната нетолеранција, па затоа треба да избегнувате шеќер што ви го предизвикува овој проблем.

Анксиозност

Намалувањето на внесот на шеќер може да помогне да се намали анксиозноста. Вентер додава дека алкохолот и кофеинот исто така може да ја влошат анксиозноста, додека редовното вежбање може да помогне во ублажување на овој симптом.

Гадење

Гадење, исто така, може да биде показател дека имате нетолеранција на шеќер, особено ако имате други симптоми како гасови и надуеност.

„Во некои случаи, најдоброто решение е да ја избегнувате храната што иритира“, вели д-р Џенифер Стаг.

Чувство на слабост

Сигурно веќе сте доживеале пад на шеќерот откако изедовте малку повеќе благо. Сепак, големиот пад на енергијата после јадење шеќер може да значи и дека вашето тело не го поднесува добро.

Воспаление на зглобовите

Шеќерот предизвикува воспаление, што не е добро за вашето тело. Нетолеранцијата на шеќер може да предизвика болки во зглобовите, но и воспаление воопшто.

„Воспалението е основен фактор кај повеќето хронични болести“, вели Стаг.

Лош сон

Спиењето е исклучително важно за вашето целокупно здравје, но има многу работи кои можат да го попречат - без разлика дали се работи за премногу кофеин, нерамен душек или дете кое бара вашето внимание и грижа во текот на ноќта. Нетолеранцијата на шеќер може да предизвика и ноќно потење. Многу е непријатно и може да се чувствувате исцрпено наутро.

Треперење

„Постои широк спектар на симптоми што може да се појават ако имате нетолеранција на шеќер - може да се чувствувате хиперактивно или треперење некое време откако ќе јадете храна богата со шеќер“, вели Стаг.

Ако бидете внимателни за видот на шеќер што го јадете, количината и храната со која го комбинирате, би можеле да си помогнете да се чувствувате подобро. Сепак, посетата на лекар или алерголог и соработката со диететичар се најдобри начини не само да знаете со сигурност дали имате алергија или нетолеранција, туку и да ги контролирате.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе