Откази за 1.500 вработени во Spotify

Spotify се приклучи на голем број технолошки компании кои ќе отпуштат повеќе вработени со цел да ги намалат трошоците.

Со-основачот и извршен директор на шведската платформа за аудиостриминг Spotify, Даниел Ек, рече дека компанијата ќе отпушти околу 17 отсто од својата работна сила. Брзата пресметка вели дека околу 1.500 луѓе ќе останат без работа од вкупно 9.241 вработен ширум светот.

Ова е третпат Spotify да отпушти вработени и покрај зголемувањето на цените за својата услуга за претплата Premium. Во јануари 600 луѓе останаа без работа, додека во јули уште 200 беа отпуштени од одделот Podcast.

Ек рече дека се разговарало за помали намалувања за 2024 и 2025 година, но разликата помеѓу финансиските цели и тековните оперативни трошоци сепак резултирала со оваа одлука.

Бројот на вработени во Spotify е „значително зголемен“ во 2020 и 2021 година, односно е речиси двојно зголемен за да се подобри содржината, маркетингот и „новите вертикали“. После тоа, 2022 и 2023 година беа попродуктивни, но Spotify не стана поефикасен, а Ек и компанијата беа принудени да преземат драстични мерки.

Секој отпуштен вработен ќе добие отпремнина во висина од приближно пет месечни плати. Во тој период ќе се обезбедува здравствена заштита, а секој ќе може да најде нова работа по два месеци.

Ек тврди дека овие мерки ќе му помогнат на Spotify да преземе „пофокусиран пристап“.

Тагови
реклама

Чистка во Грција: Панично се собираат чадори и маси од плажите

Read more

Убиен 31-годишен припадник на АРМ по приватна расправија

Read more

Земјотрес во Скопје

Read more

По 14 години изградба Путин го отвори автопатот меѓу Москва и Санкт Петербург

Read more

Интернет

Поставен нов рекорд во брзина на интернет

Read more

Google го укинува бесконечното скролање

Read more

TikTok ја претстави апликацијата Whee слична на Instagram

Read more

X официјално дозволува XXX содржина

Read more
 

Гик

Дали новиот Android 15 ги претвора смартфоните во десктоп компјутери?

Читај повеќе

Единствен освен Земјата има море, езера и дожд: Сателитот на Сатурн и натаму интригира

Читај повеќе
  • filter

Кој го изградил Мачу Пикчу? Откривање на нејасната историја на градот на Инките

Читај повеќе
  • filter

Смартфонот OnePlus Nord 4 пристигна со метално куќиште и уникатен дизајн

Читај повеќе

Кога роботите ќе почнат да бришат прашина наместо да ни ги земаат работните места?

Читај повеќе

Достапна е јавна бета верзија на iOS 18: Што е ново?

Читај повеќе

Климатските промени ги прават деновите подолги - ова не се случило со милениуми

Читај повеќе
  • play_arrow

Редок вид кит исплива на брег во Нов Зеланд: Научниците не знаат речиси ништо за него

Читај повеќе

Откриена пештера на Месечината може да стане дом за астронаути

Читај повеќе