Откриен радиосигнал во вселената кој ги збуни научниците

Астрономи открија радиосигнал чие потекло е тешко да се објасни. Една од хипотезите е дека го емитува нов ѕвезден систем, сметаат британски научници.

Меѓународен тим истражувачи откри радиосигнал кој е емитуван од небесно тело кое е оддалечено 1.800 светлосни години од Земјата. Набљудувањето е направено со помош на телескопот MeerKAT, во пустина во Јужна Африка.

Необичниот сигнал е создаден од две ѕвезди кои се вртат една околу друга. Меѓутоа, ова откритие ги збуни научниците кои заклучиле дека изворот на сигналот се поклопува со положбата на ѕвезда наречена TIC 8332-2529-1. Оваа ѕвезда е релативно светла, а во минатото е забележана од различни оптички телескопи.

Анализата на оптичкиот спектар откри дека ѕвездата има магнетно поле и дека орбитира околу друга ѕвезда на секој 21 ден. Трагите од оваа втора ѕвезда се многу нејасни, па научниците забележале дека е веројатно многу послаба од џиновската ѕвезда. Меѓутоа, откриле дека нејзината маса е веројатно поголема најмалку 1,5 пати од Сончевата маса.

Тоа значи дека е преголема за оваа ѕвезда да биде џуџеста.

„Значи, веројатноста е мала дека станува збор за таква ѕвезда“, стои во извештајот на авторите.

Радиосигналот може да биде предизвикан од магнетната активност на џиновската ѕвезда, слична на соларна бура, но многу посветла и поенергична. Ваквите ерупции обично се забележуваат во џуџести ѕвезди, но не и во џиновски.

Се претпоставува дека сигналот потекнува од ѕвезден систем формиран од џиновска ѕвезда и нејзина ѕвезда што ја следи.

„Можеби е некој вид егзотичен систем каков досега немаме видено, вклучително и огромната ѕвезда која орбитира со неутронска ѕвезда или црна дупка“, истакнува Лора Никол Дрејзен.

Научниците ќе продолжат да го следат изворот на сигналот и џиновската ѕвезда и во наредните 4 години за да ги потврдат нивните претпоставки.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе