Откриена луксузна вила на Путин во Финска: Новинари влегле внатре и пронашле мистериозна кутија

Макфакс
/ 22.05.2023 / 14:50

Рускиот претседател Владимир Путин поседува луксузна рибарска вила во Финска, но тешко дека некогаш ќе ја искористи.

Напуштената викендица се наоѓа на брегот на езерото Саима во Југоисточна Финска, а на Путин му ја изградил негов близок пријател и за неа се потрошени околу 3,2 милиони долари, пишува рускиот независен медиум Insider.

Трикатната вила има лифт, винарска визба, подземна гаража, сауна, приватен базен, соба за билијард, канцеларија и осум тоалети, пишува Insider со презентација на планот на величествената зграда. Но, вилата никогаш не била завршена, вели новинарот на Insider, Сергеј Канев.

На видеото објавено во четвртокот, Канев преку отворена врата влегува во напуштената куќа. Внатрешноста е исполнета со скелиња, градежни материјали, плочки, скали, бела техника и мебел за бања. Сè изгледа како работниците штотуку да го напуштиле градилиштето.

Новинарот наиде и на мистериозна кутија на која на руски пишува: „Не допирајте ги овие кутии без моја дозвола“.

Изградбата на вилата беше полна со проблеми, а мајсторите постојано се менуваа, бидејќи си заминуваа поради неисплатени плати, а потоа ќе требаше да чекаат други екипи. Некои работници дури одбиле да работат на куќата.

Изградбата на вилата ја финансираше стариот пријател на Путин од државниот универзитет во Ленинград, Виктор Кмарин, кој сега лобира за рускиот лидер. За време на студирањето заедно оделе на забави и биле партнери во борење.

Според Forbes, Кмарин сега е извршен директор на најголемата руска хидроенергетска компанија и е во брак со братучетка на Путин.

Кмарин ја изгради луксузната вила во Финска за Путин да може да поминува повеќе време со него. Главната зграда чинела околу 541.000 долари, осигурителната куќа 216.000 долари, градежните материјали чинат 432.000 долари, а има и разни дрвени мостови, патеки и рибарска куќа кои ја украсуваат околината.

Не е јасно кога почнала изградбата, но сигурно било пред 2017 година.

Имено, тогаш Путин за последен пат ја посети Финска и се сретна со финскиот претседател Саули Ниинисто во блискиот град Савонлина.

За време на средбата на Путин со финскиот претседател, Кмарин дошол во вилата и им рекол на мајсторите да престанат со работата бидејќи Путин повеќе не е заинтересиран за риболов во Финска, пишува Insider, повикувајќи се на извори од руската служба за безбедност.

Кмарин подоцна практично ја отпишал куќата бидејќи не можел да најде купувач за неа.

Remote video URL
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе