Откриени чудни појави на Нептун - научниците не знаат што ги предизвикува

Не мора да погледнеме премногу далеку во вселената за да откриеме нешто неочекувано. Нашиот Сончев Систем сè уште крие многу изненадувања. Токму кога ќе помислиме дека сме ги разбрале основните принципи зад некои процеси на блиските планети – ќе се појави нешто што не го очекувавме.

Ова се случи неодамна со Нептун, каде што температурите станаа доста луди, односно не се однесуваат во согласност со очекувањата на научниците.

Меѓународен тим од астрономи во текот на 17 години, со повеќе телескопи, вклучувајќи го и Многу големиот телескоп на ESO (VLT), ги следи атмосферските температури на планетата и дозна за неочекуван пад на глобалните температури, проследен со драматично затоплување на нејзиниот Јужен Пол.

„Не го очекувавме ова. Го набљудувавме Нептун за време на неговото рано јужно лето, очекувавме температурите да се зголемуваат бавно, а не да се изладат“, рече планетарниот научник Мајкл Роман од Универзитетот во Лестер.

Една сезона трае 40 години

Нептун, како и Земјата, има свои годишни времиња. Сепак, едно „годишно време“ на Нептун трае околу 40 години. Имено, оваа планета е доста далеку од нашата ѕвезда и потребни се 165 години за да се направи полн круг околу Сонцето. Во нејзината јужна хемисфера, летото започна во 2005 година, а астрономите следеа како се менуваат температурите по јужната летна краткоденица.

Тие прегледаа речиси 100 термални инфрацрвени снимки на Нептун со цел да добијат подобар увид во температурните трендови на најоддалечената планета во нашиот Сончев Систем, пишува ESO.

Податоците покажаа дека, и покрај почетокот на јужното лето, повеќето од планетите продолжија постепено да се ладат во текот на изминатите дваесет години. Глобалната просечна температура се намали за 8°C помеѓу 2003 и 2018 година.

Астрономите тогаш беа изненадени од драматичното затоплување на Јужниот пол, што се случи во последните две години, кога температурите нагло се зголемија за 11°C. Иако научниците знаат дека има топол поларен вител на Нептун, тие никогаш не виделе атмосферата да се загрее толку брзо.

„Тоа се податоци за помалку од половина сезона, така што никој не очекуваше толку големи и брзи промени“, рече планетарниот научник Глен Ортон од институтот Jet Propulsion Laboratory.

Причината е непозната

Астрономите ја измериле температурата на Нептун користејќи термални камери и ги комбинирале сите постоечки слики од Нептун собрани во последните две децении. Бидејќи Нептун е оддалечен околу 4,5 милијарди километри од Сонцето и е многу студена планета, со просечна температура од околу -220°C, не е лесно да се користи телескоп на Земјата за да се добие точен увид во нејзините температури.

„Тоа можевме да го постигнеме само со чувствителни инфрацрвени снимки од телескопи како VLT, а тие беа достапни само во последните 20 години“, рече планетарниот научник Леи Флечер од Универзитетот во Лестер.

Бидејќи никој не очекуваше такви чудни температурни варијации, астрономите сè уште не знаат што точно ги предизвикува. Можеби тоа е хемиска промена во стратосферата, можеби тоа е случаен временски настан или сончев циклус. За разрешување на оваа мистерија ќе треба да почекаме уште малку, односно одговорот ќе го добиеме дури по дополнителни набљудувања на временските услови на оваа сина планета.

Кога Земјата би била голема колку јаболко, Нептун би бил колку кошаркарска топка

Нептун е повеќе од 30 пати подалеку од Сонцето отколку Земјата и е единствената планета во нашиот Сончев Систем што не е видлива со голо око. Таа е четири пати поголема од Земјата - ако нашата планета беше голема колку јаболко, Нептун ќе беше колку кошаркарска топка, вели НАСА.

Станува збор за „леден џин“ кој наликува на гасни џинови, но се состои од густа „супа“ од вода, амонијак и метан. Иако метанот сочинува само еден или два проценти од атмосферата, тој апсорбира подолги бранови должини на сончева светлина во црвениот дел од спектарот, давајќи ѝ на оваа планета прекрасна сина боја.

Нептун има 14 сателити (месечини) именувани по морските богови и нимфи ​​од грчката митологија. Има и пет прстени, но тие не се толку јасно видливи како оние на Сатурн. Таму дуваат неверојатни ветрови, најсилни во Сончевиот Систем, кои можат да достигнат брзина од 1.770 km/h.

Студијата Subseasonal Variation in Neptune's Mid-infrared Emission беше објавена во The Planetary Science Journal.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе