Откриени шест верзии на коронавирусот, ова е доминантниот симптом

Според експертите, коронавирусот се појавува во шест различни верзии. Новото откритие на Клер Стивс од Кралскиот колеџ во Лондон нуди нов увид во понатамошната пракса и за вториот бран на епидемијата.

Заклучокот од новата студија, под водство на Стивс, откри на кои пациенти ќе им биде потребна хоспитализација на самиот почеток на детектирање на болеста или пак респиратор. Раното откривање на ризикот ќе помогне да се спасат многу човечки животи.

Во Обединетото Кралство починаа повеќе од 45.000 луѓе како последици од инфекција со SARS-CoV-2, а најновата студија дава увид како лекарите да се грижат за пациентите во иднина.

Научниците велат дека од досегашната пракса пациентите развиваат цел спектар симптоми, од главоболка, болки во мускулите, истоштеност до чувство на несигурност и конфузија. Истражувањето покажало дека коронавирусот се појавува во шест различни форми.

1. Како грип, но без температура

Заразените во оваа група имаат главоболка, губење на осетот за вкус и мирис, болки во мускулите, кашлица, црвено грло, болка во градите, без температура.

2. Како грип, но со температура

Пациентите во оваа група имаат исти симптоми како од претходната, но со температура и губење на апетитот.

3. Гастроинтеролошки вирус

Пациентите во оваа група имаат симптоми како што се главоболка, губење на чувството на мирис и вкус, губење на апетитот, дијареја, црвено грло, болка во градите, немаат кашлица.

4. Потешка форма ниво 1- слабост

Покрај главоболка, губење на осетот за мирис и вкус, проблеми со апетитот, дијареја, црвено грло, чувство на изнемоштеност, болка во градите, без кашлица.

5. Потешка форма ниво 2 – конфузија

Истите симптоми како во претходните групи проследени со слабост, несвестици, болки во мускулите и чувство на конфузија.

6. Потешка форма ниво 3 - болки во абдоменот и респираторни проблеми

Во најтешкиот облик покрај сите наведени симптоми се појавува и губење на здивот, силна болка во абдоменот, висока температура и интензивна кашлица.

Научниците велат дека главоболката е една од најдоминантните симптоми на COVID-19 во последните истражување. Исто така, се појавува и осип на кожата како уште еден од подоминантните симптоми на инфекцијата.

Повеќе за студијата прочитајте овде.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе