УЕФА ЕУРО 2020

Откриено е како селекторот на Англија го избрал последниот пеналџија

Британските медиуми го откриваат начинот на кој селекторот на Англија, Гарет Саутгејт ги избра играчите кои шутираа пенал во финалето на Европското првенство против Италија, наведувајќи дека овој стручњак знаел пред натпреварот кои играчи ќе ги избере да преземат одговорност.

Се наведува дека фудбалерите на Англија вежбале изведување пенали по секој тренинг уште од септември минатата година, а се додава дека помошникот на Саутгејт и десна рака, Стив Холанд, ги бележел резултатите и дека младиот играч на Арсенал, Букајо Сака не промашил ниту еден удар од пенал.

Потсетуваме, Сака го промаши решавачкиот пенал по кој Италија и официјално стана европски шампион, а Daily Mail пишува дека на тренингот овој млад крилен напаѓач имал подобра статистика во изведувањето на пеналите од Стерлинг и Грелиш, што е една од причините зошто доби шанса да шутира.

URL

Сепак, тие додаваат дека многу англиски играчи биле шокирани кога дознале дека Сака ќе го шутира решавачкиот пенал, и покрај фактот дека на тренинг тоа го правел без грешка, а тамошните медиуми додаваат дека Сака никогаш не шутирал пенал во својата сениорска кариера.

Исто така, се наведува дека од англискиот табор ги советувале своите играчи да пристапат кон пеналот што е можно побавно за да може шо е можно поверодостојно да ги реплицираат условите од тренинг.

Англиската јавност остро го критикуваше тренерот Саутегејт затоа што ги стави Рашфорд и Санчо во игра на две минути пред крајот на судиското продолжение, играчи кои исто така промашија пенал и за фактот дека за крај го имаше Сака, а не поискусните играчи како Стерлинг или Грилиш.

Англискиот селектор призна дека тој ја составил листата на изведувачи на пенали кај Англија и понесе одговорност за нивните утки.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе