Ова е новата Honda Civic
Honda ја претстави претпродукциската верзија на новата генерација на Civic лимузината.
Civic Sedan не е толку популарен во Европа, но затоа спаѓа меѓу најпродаваните лимузини во САД. Јапонскиот произведувач одлучи дека 11. генерација ќе има поконвенционален дизајн од претходниците за да привлечат повеќе купувачи.
Засега не се објавени фотографии од внатрешноста, но се гледа централно поставениот екран.
Honda Civic Sedan ќе биде претставен во пролет, а по лимузината ќе биде претставен и хетчбек.