Бизнис

Овој четврток се одржува 21-то издание на Бизнис Кафе Македонија

7. февруари 2017 - 12:02 | Кајгана

Овој четврток (09.02.) во кафе-барот „Мартини“ (т.ц. Лептокарија) во Скопје, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи 21-то издание на најпопуларниот бизнис-нетворкинг настан во државава Бизнис Кафе Македонија.

Своите бизнис искуства,  успеси и научени лекции – со присутните ќе ги споделат:  Драгана Чифлиганец – извршен менаџер во градежната компанија Адора инженеринг, Лазе Камчев – главен извршен директор на КД Фондови, Валентина Дисоска – Претседател на здружението на бизнис жени на Македонија и Благој Нацоски – најпознат македонски тенор во светот.

Дружењето вообичаено трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици – претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, а потоа следува дел за бизнис вмрежување (speed dating) и неформално дружење меѓу сите присутни.

Карти за настанот може да се купат електронски преку „Купи Карти за Се“ на следниов ЛИНК,  на фактура со испраќање на маил на: mkbizniskafe@gmail.com или директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан).

Коментирај