ПРЕМИЕР ЛИГА 2023/2024

Падна првиот отказ во Премиер лигата сезонава

Филип Здравески
/ 04.12.2023 / 12:27

Очекувано, предводникот на последнопласираниот Шефилд Јунајтед е првиот тренер кој заработи отказ сезонава на Островот.

Пол Хекингботом си ги пакува куферите од Шефилд и од денеска е невработен. Тој е првиот тренер што сезонава заработи отказ во англиската Премиер лига.

Шефилд Јунајтед до саботата беше претпоследен, но гостувањето кај во моментот последнопласираниот Барнли резултираше со петарда од 5:0, по што падна на најнепосакуваната позиција.

Тимот кој лани беше втор во Чемпионшип ита кон екпресно враќање во англиската втора лига и по 14 кола има скор од само 1 победа, 2 нерешени и дури 11 порази, со -28 гол-разлика (11:39).

Поразот од 5:0 од директниот конкурент за опстанок, Барнли, патем лани шампион во Чемпионшип, не е ниту највисокиот сеознава за тимот од „Брамал Лејн“. Во септември загуби 8:0 од Њукасл, а петарда прими и од Арсенал во октомври.

Единствената победа избраниците на 46-годишниот Хекингботом ја забележаа на почетокот од ноември кога Вулверхемптон загуби 2:1 во Шефилд. Следуваше реми 1:1 со Брајтон на гости, а еден месец претходно тимот го освои првиот бод сезонава играјќи 2:2 дома со Евертон.

Згора на тоа Шефилд Јунајтед испадна и од Лига купот губејќи на пенали од третолигашот Линколн на свој терен.

Хекингботом го водеше младинскиот тим на Шефилд Јунајтед кога во март 2021 стана в.д. тренер по отказот на Крис Вилдер. Тимот беше закован на дното од Премиер лигата и испадна, а потоа управата го ангажираше српскиот стратег Славиша Јокановиќ. Операцијата експресно враќање во елитата Србинот ја почна лошо, па доби отказ во ноември и тогаш Хекингботом ја доби довербата. Наредната сезона го водеше тимот со успех и го врати во англиската елита.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе