Паднаа акциите на Netflix

На Волстрит вчера индексот S&P 500 падна петти ден по ред бидејќи сè појасно е дека американската централна банка нема да брза со намалување на каматните стапки и затоа што деловните резултати на компаниите не се многу импресивни.

Dow Jones зајакна 0,06 отсто, на 37.775 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,22 отсто, на 5.011 поени, а индексот Nasdaq 0,52 отсто, на 15.601 поен.

Индексот S&P 500 вчера падна петти ден по ред, па трета недела по ред е во губитничка серија.

Во претходните пет месеци, најголемата светска берза силно порасна бидејќи инвеститорите очекуваа ФЕД агресивно да ги намали каматните стапки оваа година, почнувајќи од јуни.

Сепак, сè појасно е дека централната банка нема да брза со намалување на каматните стапки бидејќи пазарот на трудот е сè уште силен, економијата расте, а инфлацијата е сè уште покачена.

Затоа претставниците на ФЕД велат дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки.

Затоа, сега на пазарот на пари се проценува дека има само 15 отсто шанси за намалување на каматната стапка на ФЕД во јуни, а околу 42 отсто во јули.

Под притисок се и индексите поради солидните, но не силни, квартални деловни резултати на компаниите и банките.

Така, на пример, по затворањето на Волстрит, цената на акцијата на Netflix падна за околу 4 отсто во продолженото тргување, откако компанијата го објави својот деловен извештај.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,37 отсто, на 7.877 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,38 отсто, на 17.837 поени, а париски CAC 0,52 отсто, на 8.023 поени.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Исфрлањето на алкохолот може ефикасно да помогне во топењето на салото на стомакот

Read more

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Read more

Бизнис

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Read more

BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции

Read more

Берзите во исчекување, бележат благ раст

Read more

Доларот ослабе, цените на нафтата паднаа

Read more
 

Вести

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Читај повеќе

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе