Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со социјалните мрежи Facebook и Instagram.
Овие социјални мрежи не функционираат за многу корисници, а според веб-страницата DownDetector, проблемот со Facebook е што луѓето не можат ни да се логираат, додека кај Instagram се појавува пораката Something went wrong.
За Instagram повеќе од 56.000 корисници пријавиле проблеми, а најмногу проблемот е што се најавени, но нивните објави не се вчитуваат на почетната страница (истото се случува и кај нас во редакцијата).
Што се однесува до Facebook, оваа социјална мрежа е во уште поголем проблем - за 45 минути 350.000 луѓе напишале дека не им работи, а проблемот е најмногу што се „исфрлени“ па не можат повторно да се логираат, но пишува дека лозинката е неточна (и кај нас беше исто). Дополнително, Facebook Messenger не работи како логичен редослед на околности, а не работи ниту апликацијата Threads.
Сите овие социјални мрежи се во сопственост на Meta, а технолошкиот гигант сè уште не излезе да каже што се случува. Сепак, одговора шефот за комуникации на Meta, Енди Стоун, кој само рече дека „тие се свесни за проблемот и прават сè што можат за да го решат“.
Се чини дека Facebook проработи за некои корисници, иако стотици илјади луѓе сè уште се жалат на дефектот на DownDetector. Instagram, од друга страна, уште има проблеми.