Пандев потврди дека заминува во пензија

Рекордерот според настапи и постигнати голови во дресот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев потврди дека ова е последната сезона во која го носи дресот на прволигашот Џеноа и во јули ќе стави крај на својата клупска кариера.

Пандев во интервју за весникот Il Corriere dello Sport најави дека по заминувањето во фудбалска пензија ќе остане вклучен во фудбалот, но нема намера да почнува тренерска кариера.

„Дефинитивно ова е мојата последна сезона. Што се однесува до мојата иднина, не се гледам себеси како тренер, можеби како менаџер или нешто слично“, изјави Пандев.

Џеноа утре со новиот тренер Андриј Шевченко ја пречекува Рома предводена од поранешниот тренер на Пандев во Интер, Жозе Мурињо, а поранешниот македонски репрезентативец со комплименти зборуваше и за обајцата.

„Доаѓањето на Шевченко во Џеноа е голема работа за нашиот клуб. Шева е амбициозен тренер, со победнички менталитет и несомнено од него многу се очекува. Што се однесува до Мурињо, за него имам само пофални зборови. Тој е човекот кој ги промени моите фудбалски погледи“, изјави Пандев.

реклама

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе