Ова е вистинската Парис Хилтон, каква што не сте ја виделе досега.
Во трејлерот за новиот документарец „This Is Paris“ во продукција на YouTube Originals, познатата наследничка и ѕвезда на реално шоу Парис Хилтон ја трга завесата и дозволува да се нурнеме подлабоко од нејзиниот гламурозен живот, во вистинската верзија на Парис.
Трејлерот за документаецот за наследничката на синџирот хотели Hilton навестува и болна траума од детството за која Парис првпат јавно зборува.
„Се чувствувам како целиот свет да си мисли дека ме познава. Никој не знае која сум јас навистина... Ни јас не знам која сум понекогаш. Не бев секогаш таква“, вели Парис.
„Толку сум навикната да глумам лик, што ми тешко да бидам нормална“, додава таа.
Парис вели дека никогаш не била олку отворена за нејзиниот живот и дека конечно е подготвена да ја раскаже нејзината вистина.
Документарецот ќе има премиера на 14 септември.