Свет

Париз: Полицијата претепала новинар (Видео)

13. септември 2017 - 14:34 | М.Д.

За време на вчерашните протести во Париз полицијата претепала и еден фоторепортер кој ги фотографирал протестите.

Целиот овој настан бил забележан од друг фоторепортер. Како што пренесуваат тамошните медиуми, брутално бил претепан француско-холандскиот фоторепортер Алексис Краланд, кој правел репортажа токму на тема околу полициската бруталност во пресметките со демонстрантите. За на крајот и тој да биде претепан.

За потсетување, вчера во сите градови во Франција беа одржани протести против најавените реформи за работа.

Најмногу луѓе овие протести собрале во Париз, каде и имаше кофликти меѓу полицијата и демонстрантите.

Демонстрантите фрлале камења на полицијата, додека тие и возвратиле пуштајќи солзавец. 

Коментирај